1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка од САД за членство во НАТО за Јадранската група

11 април 2007

Американскиот претседател Џорџ Буш потпиша закон со кој се овозможува нова воена помош на идните членки на НАТО од регионот на Кавказот и од Балканот,а меѓу нив и Македонија.

Американскиот претседател го потпиша законот за помош на аспирантите
Американскиот претседател го потпиша законот за помош на аспирантитеФотографија: AP

Усвоениот закон се однесува на Албанија,Хрватска,Македонија,Грузија и Украина,која исто така може да учествува во активностите на НАТО врз основа на документот за учество кој во државата е усвоен во 1994 година.

Трите држави од Јадранската група и двете од Кавказот се определуваат како земји на кои може да им биде доделена воена помош во тековнава буџетска година која истекува на 30 септември Ам ериканскиот конгрес на 6 март го одобри нацрт законот под наслов Закон за зајакнување на слободата во рамките на Алијансата.Во него се истакнува дека за зачувувањето на стабилноста и безбедноста во Европа потребна е и економска и политичка интеграција на новите демократии во постоечките европски структури.Сенатот законот го усвои на 16 март,а неговото стапување во сила ќе следи по потпишувањето од страна на претседателот на државата.

Иницијаторот на законот,влијателниот сенатор од Републиканската партија Ричард Лугар,член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот,во образложението истакна:приемот на новите пет члени во Северноатланската алијанса ќе биде успех за Европа,за НАТО и за САД преку проширувањето на територијата на мир и безбедност.

Лугар во Сенатот кога беше одобрен законот рече дека Македонија,Албанија и Хрватска постигнале значајни резултати во реформите предвидени со планот за подготовки за членство во НАТО,усвоен од трите држави во 2002 година.Според Лугар,законот е поддршка за овие земји за прием во Алијансата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми