1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка за демократскиот поредок во Турција

Б. Георгиевски16 јули 2016

Состојбата во Турција и натаму е конфузна, продолжуваат престрелките во повеќе градови, има и жртви. Вашингтон и Берлин и дадоа поддршка на демократски избраната влада и бараат крај на крвопролевањето.

Фотографија: Reuters/Ihlas

Американскиот претседател Барак Обама вечерва побара од сите страни во Турција да ја поддржат „демократски избраната“ владата. Обама повикува да се запре насилството и да се избегне крвопролевање.
Германската влада соопшти дека „демократскиот поредок во Турција мора да се почитува“.
И ЕУ побара почитување на демократски избраните институции.
Лидерот на најголемата опозициска Народна Републиканска Партија во Турција Кемал Каличдароглу го осуди обидот за пуч во земјата преку серија твитови во кои оцени дека земјата во минатото доволно страдала од воени удари. И останатите три опозициски партии во турскиот парламент го осудија воениот удар.
Од воениот удар се огради и движењето кое се смета за блиско до верскиот лидер Фетула Ѓулен.
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг претходно обвини дека во воениот удар се вмешани лојалисти на движењето на Ѓулен. Слично обвинение искажа и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турската државна агенција Анадолу јави дека 17 полицајци биле убиени при хеликоптерски напад врз седиштето на специјалната полиција во Анкара. Во главниот град на Турција сѐ уште одекнуваат експлозии и истрели. Истиот извор тврди дека воени авиони урнале хеликоптер кој бил користен од пучистите.
Командантот на воените специјални сили, генералот Зекаи Аксакали изјави дека „пучистите нема да успеат“.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на повеќе турски градови прифаќајќи го повикот на претседателот Ердоган и на владата кои побараа поддршка од граѓаните. Џамиите во Истанбул околу полноќ почнаа да ги повикуваат верниците да излезат на улиците во поддршка на власта.
Турските медиуми јавуваат дека војници отвориле оган врз граѓани кои се обиделе да го минат мостот на Босфор во Истанбул и дека три лица загинале.
Ердоган се наоѓа на безбедна локација, велат од неговиот кабинет, а владата ја држи состојбата под контрола.

Фотографија: picture alliance/abaca/AA
Илјадници луѓе излегоа на улиците на повеќе турски градови во поддршка на владатаФотографија: picture-alliance/AP Photo


Соседна Грција свика итна седница на Советот за безбедност и ја зголеми борбената готовност на својата армија, додека Бугарија ја засили контролата на границата кон Турција.

Фотографија: picture alliance/abaca/AA
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми