1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подршка за продолжување на мандатот на Бундесверот на Косово

30 мај 2008

Големо мнозинство од пратениците во Бундестагот се изјаснија за продолжување на мандатот на германските војници во Косово за уште една година. На воведната расправа само пратениците од партијата на Левицата беа против.

Војници на Бундесверот во ПризренФотографија: Refki Alija

Важи за сигурно дека веќе во првата недела од јуни Бундестагот дефинитивно ќе одобри продолжување на мандатот .

КФОР-гарант за безбедноста на Косово

На расправата министрите за надворешни работи и за одбрана , Франк Валтер Штајнмаер и Франц Јозеф Јунг се заложија ангажманот да биде продолжен десетта година по ред :

Јунг притоа истакна дека ангажманот на Бундевсерот во рамките на силите КФОР придонел за поголема стабилност во Косово :

„КФОР е гарант за безбедноста на Косово, и оној што се спротиставува на продолжувањето на мандатот на Бундесверот го загрозува мирот на Балканот“- порача Јунг .

Косово има европска перспектива

Иднината на регионот и на самото Косово е во ЕУ- порача пак Штајнмаер:

„ Косово има еднаква европска перспектива како и сите останати земји на Западниот Балкан. Кога го велам ова меѓутоа истовремено знам дека овој пат за Косово нема да биде лесен“

Германскиот Бундесвер со 2870 војници го има најголемиот контингент во рамките на КФОР , кои има вкупно 16 илјади војници од 37 земји.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми