Пожарите во Калифорнија надвор од контрола
23 октомври 2007Реклама
Големите пожари кои беснеат во американската држава Калифорнија се уште се надвор од контрола. Евакуирани се стотици илјади луѓе, едно лице загина, а 14 се повредени. Најпогоден е регионот меѓу Лос Анџелес и Сан Диего. Во поголем дел од државата е прогласена вонредна состојба, а високите температури и силниот ветар придонесуваат за ширење на огнот.