1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите и се закануваат на древна Олимпија

26 август 2007

*

Пожарите кои се уште беснеат во Грција му се закануваат и н археолошкото наоѓалиште на древна Олимпија. Властите спроведоа евакуација на тамошното население. Според последните податоци најмалку 53 лица ги загубија животите во пожарите во Грција, а од најпогодениот полуостров Пелопонез се евакуирани неколку илјади луѓе. Владата во Атина прогласи вонредна состојба и тридневна жалост. Во земјата се уште има активни пожари кои се надвор од контрола. Веќе пристигна и првата помош од ЕУ. 12 земји ветија испраќање на канадери и пожарникари. Полицијата уапси и неколку лица за кои се сомнева дека подметнале дел од пожарите.

Во Грција пожар избувна и во воз кој сообраќал во централниот дел на земјата. За среќа сите патници се евакуирани навреме. Не се знае причината за огнот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми