1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожари во Русија, поплави во Пакистан

2 август 2010

Ситуацијата со пожарите во Русија и натаму се влошува. Рускиот претседател Дмитри Медведев прогласи вонредна состојба во седум руски региони. Во Пакистан, пак, расте бројот на жртвите од монсунските поплави.

Во изминативе 24 часа избиле 500 помали пожариФотографија: AP

Природната катастрофа во Русија продолжува да пустоши - во шумските пожари досега животот го загубија 36 лица, стотици се повредени, а илјадници останаа без своите домови. Со оглед на тоа што ситуацијата се` уште не може да се стави под контрола, рускиот претседател Дмитри Медведев прогласи вонредна состојба во седум руски региони. Со декретот што го потпиша Медведев на локалните власти им се даваат поголеми овластувања во справувањето со огнената стихија и се забранува јавниот пристап до погодените области, со цел да се избегне опасноста од можно проширување на пожарите. Во гансењето на дивиот оган досега се вклучија две илјади војници, како и 240 илјади доброволци. Со прогласувањето на вонредна состојба, локалните власти можат да побараат уште поголемо вклучување на армијата.

Бројот на жртвите во Пакистан се` уште не е конечен

Во меѓувреме, друга природна катастрофа однесе 1.100 човечки животи во Пакистан. Околу 700 лица се удавија само во долината Пешавар, а тешко се погодени и областите Сват и Шангла, каде животот го загубија 400 лица. Иако Пакистан минатата недела беше зафатен од монсунски дождови, бројот на жртвите се` уште не e конечен. Претставникот на пакистанската Служба за борба со природни катастрофи предупреди дека бројот на жртви би можел да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи се’ уште не стигнале до покраината Хајбер-Пахтунхва каде поплавите загрозуваат околу 1,5 милиони лица.

Автор: ТТ/ АТ/ дпа/ афп/ ројтерс

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми