1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пожарот во нуклеарната централа Запорожје е изгаснат

ЕМФ | агенции
4 март 2022

Русија, според украински наводи, ја нападна најголемата европска нуклеарна централа и предизвика пожар во неа. Според последните информации, пожарот е изгаснат.

Ukraine Atomkraftwerk Saporischschja unter Beschuss
Фотографија: Zaporizhzhya NPP/REUTERS

Пожарот во нуклеарната централа во Запорожје, во Украина, избил по руски напад, во зграда која се користела за обука. Реакторите не биле погодени, соопштено е од украинска страна. Пожарникарите тврдат дека руските трупи прво не ги пуштале да го гаснат пожарот. Тоа, како што се вели, им било дозволено дури по неколку часа.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека според наводи на украинската влада во близина на нуклеарната централа не е измерена зголемена радиоактивност. Персоналот во централата презел „мерки на минимизирање на ризикот“. Американската министерка за енергија Џенифер Гренхолм на Твитер напиша дека реакторите во нуклеарната централа биле „безбедно исклучени“.

Слика од надзорна камера која прикажува пламен во нуклеарната централа во ЗапорожјеФотографија: Zaporizhzhya NPP/REUTERS

Зеленски обвинува за „нуклеарен тероризам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше со видео порака во која вели дека ниту една друга земја на светот никогаш досега не гаѓала нуклеарна централа. „Терористичката држава сега се префрла на нуклеарен терор“, изјави тој бесно, додавајќи дека било очигледно оти Русија сака да ја „повтори“ нуклеарната катастрофа од Чернобил. „Ако се случи експлозија, тогаш е тоа крај на сѐ, крај на Европа“, предупреди Зеленски.

Украинскиот претседател ја обвини руската армија дека целно ја гаѓала централата: „Тоа се тенкови опремени со термографски камери (наречени и инфрацрвени камери, н.з.), што значи дека знаат каде гаѓаат.“

Зеленски ја обвини руската амрија дека целно ја гаѓала атомската централаФотографија: VOLODYMYR ZELENSKIY/REUTERS

Минатата недела имаше борби во околината на реакторите во Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во историјата. Руините на централата сега се контролирани од страна на руски трупи.

- повеќе: Ширеф: „Путин е тешко вооружен, изолиран и ирационален човек“

Се бара поддршка од НАТО

Украинскиот министер за енергија Херман Халунченко побара вклучување на НАТО. Со оглед на нападот врз нуклеарната централа се бара „не само професионална проценка на настаните, туку и вистинско вклучување со најостри мерки, меѓу другото и од НАТО и земјите кои поседуваат атомско оружје“, напиша Халунченко на Фејсбук.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми