Пожар во руска клиника - настрадаа корона-пациенти
ЖА / агенции
12 мај 2020
Пет луѓе го загубија животот во клиника во Санкт Петербург при пожар кој веројатно избувнал поради преоптовареност на респиратор. Русија според бројот на регистрирани инфицирани со коронавирус е на второ место во светот.
Реклама
Новинската агенција Интерфакс пренесе дека жртвите се пациенти кои биле приклучени на апарати за дишење на Одделение за интензивна нега. Преоптоварен респиратор веројатно бил предизвикувач на пожарот. „Апаратите се на својот лимит. Моментно тие работат без прекин, поради што еден се запалил", цитира Интерфакс изјава на еден инсајдер.
Министерството за цивилна заштита ја потврди смртта на пациенти на клиника во Санк Петербург, но без да наведе бројка и причина. Според новинската агенција Тасс, станува збор за четворица мажи и една жена на возраст меѓу 59 и 67 години.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Болницата, како што се истакнува во извештаите, на средината на март добила нова опрема за третман на заразени со коронавирус. Многу руски клиники во изминатите недели беа опремени и пренаменети за лекување на пациенти заболени од Ковид-19.
Со почетокот на првите олеснувања на строгите рестрикции воведени заради сузбивање на пандемијата, бројот на инфицираните повторно забележа голем скок. Властите потврдија преку 232.200 регистрирани случаи. Од пресметките на американскиот универзитет Џонс Хопкинс врз основа на службените податоци, втората по големина земја по површина во светот со вкупниот број на пријавени новоинфицирани се наоѓа на второ место пред Шпанија со 228.000 случаи на коронавирус, пред нив се САД со рекорден број заболени.
Руските власти го образложуваат наглиот скок со пораснатиот број на тестирања на коронавирус во однос на почетокот на епидемијата. Притоа, се поаѓа од тоа дека постојат значително повисоки темни бројки. Рускиот претседател Владимир Путин вчера прогласи крај на неработните платени денови – мерка воведена заради спречување на ширењето на коронавирусот. Од денеска на пример во Москва повторно може да работат градилиштата и индустриските претпријатија.