1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познати добитниците на наградите Бобс

Даниела Шпет/сн2 мај 2016

Со признанијата за онлајн активизам на Дојче Веле годинава се наградени еден документарен филм, една апликација, еден уметнички колектив и еден проект за правата на жените.

Фотографија: DW

14- членото меѓународно жири немаше лесна задача. Од повеќе од 2300 предлози тоа гласаше за четири добитници на годинешните „Бобс награди- најдоброто од онлајн активизмот“ (Bobs Awards - Best of Online Activism) Меѓу предлозите имаше проекти од целиот свет: интернет страници, апликации за смартфони, прилози на Инстаграм и на Фејсбук. Заедничко за сите предлози е дека се залагаат за слобода на мислењето и човековите права.

Граѓанско новинарство

Во категоријата Граѓанско новинарство ( Citizen Journalism ) победи бенгалскиот документарен филм „Острица на жилет“ (Razor's Edge"), кој говори за опасностите на кои се изложени блогерите и писателите критични кон режимот во Бангладеш. Според информациите на Репортери без граници во 2015 година четворицата секуларни блогери загинале во земјата во која мнозинското население е муслиманско. Радикалните исламистички групи напаѓале многу блогери, издавачи блогери и интелектуалци.

Автор на 17-минутниот филм е блогерот кој се нарекува Настикар Дармаката и кој живее во егзил. Филмот покажува како политичарите од висок ранк се вклучени во планирање на напади врз активисти.

Техника за добробит

Во категоријата "Tech For Good" (Техника за добробит) наградена е апликацијата за смартфон од Иран "Гершад“ Во оваа земја правилата за облекување се многу строги, особено за жените. Контролите на улиците се секојдневна појава а кршењето на тие прописи се казнува. Апликацијата е некој вид рано предупредување од контроли и функционира така што граѓаните меѓусебно се предупредуваат каде контролорите се наоѓаат во моментот. Информациите се појавуваат на карта до која пристап имаат сите.

Фотографија: https://www.gershad.com

Уметност у култура

Во категоријата "Arts and Culture" (Уметност и култура) жирито го награди „Центарот за политичка убавина“. Овој колектив со својот провокативен настап го сврте вниманието на европската политика кон бегалците или кон извозот на оружје за Саудиска Арабија. Тие се појавија во јавноста за време во т.н Арапска пролет.

Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Fischer

Општествени промени

Индиската интернет страница "Запрете ги нападите со киселина" доби најмногу гласови од жирито во категоријата „Општествени промени“ (Social Change) Овој проект го насочува вниманието кон табу темата- жртви на напади со киселина. Преку својата Фејсбук страница Café "Sheroes Hangout" активистите сакаат да создадат мост меѓу стигматизираните жртви на нападите и општеството кое ги изолира.

Фотографија: DW/S. Waheed

Паралелно со жирито кое награди четири проекти, интернет корисниците во изминатите недели имаа можност да ги изберат своите фаворити. Кои се добитниците на 18 награди од публиката може да се види на официјалната страница на Бобс наградите.

Тие ќе бидат доделени на манифестацијата Глобален медиумски форум (Global media Forum), која се оддржува во Дојче Веле во Бон 13. до 15. јуни годинава.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми