1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познати квалификациските групи за ЕП во фудбал во 2012

7 февруари 2010

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во групата Б во квалификациите за настап на престојното Европско првенство во Полска и Украина. Противници ќе бидат Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.

Фотографија: Verwendung nur in Deutschland

Германија како носител во групата А за квалификација на континенталниот шампионат во 2012 година ќе игра против Турција, Австрија, Белгија, Казахстан и Азербејџан. Германскиот селектор Јоаким Лев е задоволен од денешното лоз во Варшава:

„Ние заедно со Турција сме фаворити во групата. Сметам дека ќе се пласираме на Европското првенство во 2012“, истакна Лев.

Изгледот на останатите квалификациски групи за ЕП по денешното официјално извлекување во Варшава е следниов:

Дали Горан Пандев конечно ќе ја предводи македонската репрезентација до пласман на едно големо натпреварувањеФотографија: Petr Stojanovski

Група Ц: Италија, Србија, Северна Ирска, Словенија, Естонија, Фраски Острови

Група Д: Франција, Романија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Албанија, Луксембург

Група Е: Холандија, Шведска, Финска, Унгарија, Молдавија, Сан Марино

Група Ф: Хрватска, Грција, Израел, Летонија, Грузија, Малта

Група Г: Англија, Швајцарија, Бугарија, Велс, Црна Гора

Група Х: Португалија, Данска, Норвешка, Кипар, Исланд

Група И: Шпанија, Чешка, Шкотска, Литванија, Лихтенштајн.

Директен пласман на шампионатот во Полска и Украина ќе обезбедат првопласираните во групите и најдобрата меѓу второпласирите репрезентации. Останатите второпласирани во групите за настап на ЕП ќе се борат преку бараж натпревари.

Автор:СН/ТТ/ртре

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми