1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познати полуфиналистите во купот на УЕФА

7 април 2006

Шалке е единствениот германски преставник кој останува во игра за највисок пласман во едно од европските клупски натпреварувања.

Шалке по трет пат во својата клупска историја се пласира во полуфинале на европски фудбалски куп. Овој пат е меѓу четирите најдобри во купот на УЕФА. Целата работа во дуелот против Левски беше практично завршена уште во првиот натпревар, кога Шалке во Софија победи со 3:1. Синоќа во реваншот беше огигледно дека неговите играчи само настојуваа да ја одржат стекната предност. Средбата заврши 1:1, при што гостите поведоа во првиот дел, а Шалке воспостави рамнотежа во втората половина.

„Не бев особено израдуван израдуван со првото полувреме оти планиравме нешто сосем поинаку. Но секогаш е така кога се влегува како голем фаворит во вакви средби, тука има механизми врз кои тешко може да се влијае„ рече тренерот мна Шалке Мирко Сломка

За противник во полуфиналето Шалке го доби шпанскиот преставник Севиља, која против Зенит во Санкт Петерсбург одигра 1:1. Во второто полуфинале играат Мидлсбро, кој синоќа го победи Базел со 4:1 и Стеауа, која во градскиот дуел во Букурешт беше подобра од Рапид.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми