Познати сите четвртфиналисти
31 јануари 2008Реклама
Актуелниот шампион Штутгарт благодарение на хет трикот на Марио Гомез, славеше против вториот тим на Вердер Бремен со 3:2. Гомез по натпреварот реагираше на лошите услови.
Теренот за тренинг бил во многу лоша состојба, а соблекувалните биле многу мали: „Јас кажав во кабините, првото е за соблекувалните, второ за теренот за тренинг и трето за тимот.“ изјави Гомез
Шалке 04 е елиминиран по пенал рулетот во дуелот против Волфсбург. Тимот на тренерот Феликс Магат, по четврти пат обезбедува пласман во четвртфиналето благодарение на одличниот голман Диего Бенаљо, кој го одбрани клучниот пенал на Младен Крстајиќ. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1::1 „Не се чувствувам како победник на мечот, победуваме заедно и се разбира губиме заедно“ изјави по натпреварот Бенаљо Хамбургер имаше лесна задача против регионалниот тим на црвено белите. Славеше со 3:0. Спортскиот директор Дитмар Бaeрсдорфер е оптимист околу шансите на тимот за титула во лигата и купот„ Во купот обезбедивме натамошен пласман, но работите треба да одат една по друга“ изјави БaeрсдорферВо последниот синоќешен дуел Карл Цајс Јена го совлада тимот на Арминија Билефелд со 2:1. Пртетходно пласман во четвртфиналето на купо обезбедија Баерн, Борусија Дортмунд, Минхен 1860 и Хофенхајм.
Реклама