Познати четвртфиналистите во фудбалскиот Куп на Германија
29 јануари 2009Во вторите четири натпревари што се одиграа вчера имаше само едно изненадување. Претпоследно пласираната екипа од Втората лига, Вехен од Визбаден успеа на гости да го победи прволигашот Карлсруе со 1:0.
Најатрактивниот натпревар вчера се одигра во Дортмунд. Домаќинот Борусија не успеа да го сочува водството и беше поразена од Вердер од Бремен со 2:1.
„Ние имавме позрели шанси а Бремен победи затоа што ја контролираше играта. Дотолку повеќе разочарувањето сега е огромно“, изјави по мечот тренерот на Борусија Јирген Клоп.
Баерн Минхен убедливо чекори кон одбрана на пехарот
Баер од Леверкузен, кој поради реновирањето на неговиот стадион играше во Дизелдорф немаше проблеми со гостите од Енерги Котбус и славеше со убедливи 3:1.
Уште поубедлив беше тимот на Волфсбург против второлигашот Ханза од Росток со 5:1.
Со идентичен резултат во вторникот бранителот на пехарот, Баерн Минхен славеше на гости против Штутгарт. Улогата на фаворити завчера ја оправдаа и Хамбург и Шалке 04, кои победија со 3:1 и со 4:1 против Минхен 1860 и Јена.
Во дуелот меѓу второлигашите Мајнц и Фрајбруг, поуспешен беше есенскиот првак во Втората лига, Мајнц кој славеше со 3:1.
Четвртфиналните двојки ќе бидат познати по утрешното извлекување, а натпреварите ќе бидат одиграни на 3 и на 4 март.