1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политиката на оддалечување од ЕУ најмногу им штети на граѓаните на Србија

Марина Максимовиќ / Симе Недевски17 октомври 2012

Србија, според зборовите на поранешниот претседател Борис Тадиќ, во моментов е подалеку од добивање датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ за разлика од пред неколку месеци.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Евроинтеграцискиот пат на Србија во овој момент се наоѓа пред големи предизвици. Од една страна кризата во самата ЕУ, но и претстоечките избори во некои од најголемите земји-членки, како што е Германија, не претставуваат идеален амбиент за политиката на проширување. Од друга страна Србија и самата е соочена со големи економски проблеми, додека изјавите на српските челници со кои се најавува можно откажување од европскиот пат, според зборовите на поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, „се опасни за интересите на граѓаните и за политиката на мирот“.

Тадиќ во Брисел, каде што го прими Европскиот медал за толеранција, укажа дека Србија, доколку остане надвор од ЕУ, како најголем мировен проект во историјата на човештвото, ќе наиде на ризик од нови конфликти и дека „се’ што е сторено последните 12 години би можело да биде доведено во прашање“.

„Се’ во политиката се мери и се смета во меѓународни односи. На крај цената за изјавите на политичарите ја плаќаат граѓаните, а политиката која не одалечува од ЕУ најмногу ги чини граѓаните“, рече Тадиќ.

Европскиот медал за толеранцијаФотографија: DW

Да знаеш да се извиниш и да примиш извинување

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ и председателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ добиле совет во Брисел од Европскиот совет за толеранција и помирување медали за својот придонес на помирувањето во регионот. По тој повод нагласено е и дека самата ЕУ е создадена на основа на помирувањето на некогашните големи непријатели и оти за вистинско помирување меѓу народите е неопходно жртвување и препознавање на неправдата.

Борис Тадиќ изјави дека негова должност била, како преседател на Србија, да владее во согласност со моралните принципи, кои би требале да важат за секој човек ва Западен Балкан, да се извини за направените злосторства во име на српскиот народ, но и да прими извинување од хрватскиот и од босанскиот народ: „Тоа беа болни моменти за мене, и Сребреница и Вуковар и одењето на Косово. Мислам дека тоа е претпоставка на цивилизираниот живот меѓу сите нас и претпоставка за една заедничка иднина. Бидејќи како и да е, ќе живееме повторно едни со други.“

Потешко се водат луѓето во помирување отколку во битка

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во оваа пригода нагласи дека никогаш нема да се заборави насилството и крвавата војна која се случи во почетокот на деведесетите во поранешна Југославија, ниту трагичните поседици од таа војна, но и додаде дека „Западен Балкан се придвижил кон влезот во европското семејство и оти насилство и војна се сега речиси незамисливи“. И на Тадиќ и на Јосиповиќ им е честитано за личниот пример кој со покажале со констатацијата дека „ потешко се водат луѓето во помирување отколку во битка“.

Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ (лево) и екс-претседателот на Србија Борис Тадиќ (десно) заедно со поранешниот претседател на Полска , Александар Квашњевски (средина)Фотографија: DW

„Оваа награда е признание за политиката и сите луѓе кои ја следеле политиката на помирување и градење на добрососедски односи. Борис и јас работевме заедно на тоа, но таа политика треба да се продолжи“, изјави председателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, додавајќи дека би сакал да види нови чекори и натамошен напредок во односите помеѓу Србија и Хрватска. Кога е во прашање односот на Хрватска со другиот сосед, БиХ, Јосиповиќ кажува: „БиХ е наш могу важен сосед и ние на БиХ и посакуваме она што и на себе, европски пат и многу успех. Меѓутоа проблемите кои тие ги имаат се внатрешни проблеми и самите треба да ги решат“.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми