Шефот на државата Стево Пендаровски за утре свика лидерска средба на која ќе се дискутира за одложување на изборите на 12 април. Претходно, лидерите на водечките политички партии се изјаснија позитивно.
Реклама
Првите луѓе на владејачките СДСМ и ДУИ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно побараа одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Зоран Заев, Али Ахмети и Христијан Мицковски речиси истовремено соопштија дека поради коронавирусот не е време за избори и дека треба да се мисли на здравјето на граѓаните.
Претседателот Стево Пендаровски експресно реагираше и за утре закажа лидерска средба на која треба да се донесе одлука за одложувањето.
„Дефинитивно тоа што се случува кај нас, добро е што е под контрола, но сепак едно знаеме, дека ризикот на одржувањето на изборите ја прави понепријатна состојбата, треба да се оди на гласачките места итн. Наш став е дека изборите треба да се одржат кога трајно ќе се обезбеди здравјето на граѓаните“, рече Заев на прес-конференција во партиското седиште.
И за опозицискиот лидер Мицкоски е неприфатливо одржување избори во актуелната ситуација.
„Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо“, порача Мицкоски. Притоа, и тој, како и Заев предлага прогласување на кризна состојба на територијата на целата држава.
Ни за ДУИ избори повеќе не се приоритет. Како што соопшти партискиот претседател Ахмети, апсолутен приоритет се граѓанинот и јавното здравје.
Во изолација поради коронавирус? Нема проблем
Со малку креативност можете да ја претворите изолацијата во инспирација. Еве неколку идеи како да го искористите времето во карантин, и да продолжите нормално да живеете дури и затворени во четири ѕида.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
Бидете креативни со конзервираната храна
Претворањето на конзервираната храна во нешто вкусно можеби бара малку магија, но сигурно не е невозможно. На пример, експериментирајте со лакса која ги прочистува синусите или пак измешајте конзерва туна со малку пченка и свеж ѓумбир за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images
Затворената вежбална не е изговор
Имате доволно начини да ја одржите добрата форма на вашето тело дури и ако не можете да ја посетите вашата вежбална. Загрејте го телото со фитнес вежби или јога со онлајн упатства, а доколку ви е многу здодевно искористете ги и конзервите со храна во вашиот магацин за да ги развиете вашите бицепси и трицепси.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D. Gabbert
Време е за пролетно чистење
Искористете ја можноста, засукајте ги ракавите и употребете го вишокот енергија за да го светнете секое ќоше во домот. Ова може да биде најдобриот момент за расчитување на нередот. Можете дури и да ослободите место во плакарите и да зачистите во подрумот.
Целодневното гледање на ТВ серии е гарантиран начин за опуштање на умот и телото. Можеби мини-серијата „Чернобил“ и не е најдобриот избор доколку сте во мрачно расположение. Алтернативата би било нешто полесно, како „Пријатели“. Доколку секој ден потрошите 6 часа и 20 минути на оваа серија, ќе ги изгледате сите 236 епизоди за 14 дена.
Покрај сето слободно време можеби е добар момент да ја избришете прашината од некои постари игри и да се забавувате со оние со кои го споделувате карантинот. Доколку сте сами во изолација, повеќе класични игри денес имаат и онлајн верзии па можете да играте со пријателите преку интернет.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Научете нешто ново
Во денешно време можете да научите речиси се онлајн. Можеби секогаш сте сакале да научите некоја нова вештина или дури и јазик. Германски можеби? На интернет ќе најдете многу можности и за бесплатно изучување јазици, па со оглед на слободното време, нема никаков изговор зошто тоа да не го сторите.
Фотографија: Colourbox
Јавете и се на бабата
Вашите роднини секогаш се жалат дека ве гледаат само за празници. Сега е добар момент да им се јавите. Иако веројатноста дека ќе заглавите на телефон 1-2 часа е голема, сепак ќе ви се израдуваат. Притоа, ќе покажете грижа и за нив и за нивното здравје во оваа тешка ситуација, особено за постарите луѓе.
Фотографија: Heike Brauer/Fotolia
Планирајте го следниот одмор
Планирањето одмор е добар начин да избегате од вашата соба, макар и само во мислите. Исполнете го денот замислувајќи си како се релаксирате на Бали или уживате во чистиот планински воздух некаде на Алпите. Само не заборавајте да си купите и патничко осигурување бидејќи никогаш не се знае кога ќе дојде следната криза.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
8 фотографии1 | 8
„Сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот. Сега, нас ни треба да го победиме вирусот а не победа на изборите. Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана спрема сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе извојуваме победа“, вели Ахмети.
Засега никој не сака да прогнозира кој би бил следниот термин за одржување на изборите кои беа закажани како резултат на недобивањето датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ на самитот во октомври минатата година.