1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политичка криза во Србија

6 февруари 2008

Владејачката коалиција е поделена заради односите со ЕУ и ратификувањето на договорот со ЕУ, кој според најавите треба да биде потпишан утре. Дали се на повидок нови парламентарни избори.

Serbien Wahlen Ministerpräsident Vojislav Kostunica in Beograd
Воислав КоштуницаФотографија: AP
Судирот во рамки на владејачката коалиција во Србија се претвори во отворена пресметка. Народната коалиција инсистира парламентот да решава за политичкиот договор со ЕУ. Демократската Партија на претседателот Борис Тадиќ пак се обидува да најде правна основа за да го протурка документот, надвор од законодавниот дом. Премиерот Воислав Коштуница ја откажа вчерашната седница на владата, а министрите од неговата партија ја напуштија седницата на надворешнополитичкиот одбор, на кој по предлог на ДП, беше ставен на дневен ред договорот со ЕУ. Суштината на проблемот е во тоа што народната коалиција потпишувањето на договорот го гледа како ставање потпис на независноста на Косово. Демократската партија и Г17 плус од дуга страна тврдат дека документот нема врска со Косово, туку само нуди поволности за Србија. Директорот на центарот за пrоучување на алтернативи, Милан Николиќ, смета дека документот нема да биде усвоен доколку се најде во Парламентот: „ Тоа на некој начин би претставувалo привремено забавување на Србија на патот кон ЕУ. Но истовремено може да значи и крај на владејачката коалиција, пад на владата и неизбежно распишување на парламентарни избори„ Членот на претседателството на Либерално Демократската Партија, Никола Самарџиќ, се сомнева дека ДП ќе предизвика уривање на владата. Пред се поради тоа што Тадиќ веќе ги изневерил очекувањата со тоа што не побарал оставка од премиерот по изборниот дебакл на неговата политика: „ Мислам дека владејачката коалиција има интерес да продолжи со транзицискиот грабеж. Сеуште не гледаме подготвеност, ниту решеност на ДП да ја растури владејачката коалиција, која целосно е нелогична, антиевропска и недемократска„ Експертот Милан Николиќ смета дека никој не сака предвремени избори, кои според него не би предизвикале поинаков распоред на политичките сили. ДП е исцрпена по изборите, а на народната коалиција и опаѓа популарноста: „ Тоа значи дека тие би поминале многу лошо, или далеку полошо од претходните избори. Меѓутоа можно е дека на Коштуница повеќе му е важно Косово, отколку судбината на неговата партија и коалицијата. Тоа е можно„ вели Николиќ
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми