1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Политички застој во Македонија

Т.Брај (дпа)/ А. Трајковска28 април 2014

Со ваков наслов германската новинска агенција ДПА се осврнува на изборниот резултат во Македонија. Земјата избра нов состав на парламентот и нов претседател - ѝ сѐ останува по старо, се наведува во анализата.

Фотографија: Reuters

Насловните страници на македонските весници по победата на партијата на десноконзервативниот премиер Никола Груевски денеска во Скопје јасно покажуваат каде оди Македонија: Огромни фотографии од Груевски како и од старо-новиот шеф на државата Ѓорге Иванов покрај македонското национално знаме. Под нив на насловните страници, или одзади речиси сокриен се појавува водачот на опозицијата Зоран Заев. Него го претставуваат како „политички слеп“ или како „бомбаш-самоубиец“ како во весникот„Вечер“.

„Македонија останува во сигурни раце и ја одбра најдоверливата опција“ се предвидува во медиумите на сиромашната балканска земја, прекрасна иднина. Меѓутоа 43- годишниот Груевски, кој на 29 години веќе беше министер за финансии и осум години е премиер, ова го вети и на последните избори. И сега тој повторно најави 300 нови фабрики со 60.000 работни места.

Невработеноста меѓутоа е непроменета и изнесува 30 проценти. Младите и образовани луѓе масовно се иселуваат. Земјата во регионот заедно со Албанија е на последните места според висината на платите. Од друга страна владата вложува во разубавување на центарот на главниот град, според проценките 300 милиони евра. Со нив беа изградени неокласицистички објекти, предимензионирани фонтани, дузини статуи од мермер и дури и Триумфална капија - сѐ за поттикнување на националната свест.

Лидерот на опозицијата Зоран ЗаевФотографија: picture-alliance/dpa

Бидејќи Груевски во спорот со соседот Грција околу државното име застапува цврст националистички став, приближувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ е со години блокирано со вето од Атина. Грција, поради својата истоимена северна област сака да издејствува, Македонија да го смени името или со додавка да се разликува од грчка-Македонија.

Владејачката партија на Груевски ВМРО-ДПМНЕ владее со сите области во оваа балканска држава: медиумите, правосудните органи, локалната и државната администрација, образовниот систем - сите масовно беа впрегнати при изборите во неделата. Други мислења или опозицијата останаа без шанси. Исто така и документите и снимките од телефонски разговори, кои докажувале корупција во вредност од повеќе од 1,5 милиони евра за Груевски не променија ништо - ни политички, ниту од правен аспект.

Бидејќи Груевски, и покрај сѐ според наводи на Државната изборна комисија и овојпат со 61 од 123 претенички места за малку не постигна апсолутно мнозинство, го користи раскараното албанско малцинство за да си ја осигура власта. Досега владееше со најголемата албанска партија ДУИ, која сега доби 19 пратеника. По огорчените несогласувања Груевски би можел во иднина да се потпре на помалата албанска партија ДПА со седум пратенчки места. Имено ДУИ и ДПА се раскарани и постојано се подготвени со учество во владата да ѝ наштетат на другата малцинска партија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми