1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Полициски час до 6 април во С. Македонија

ДТЗ
22 март 2021

Останува на сила забраната за движење во периодот од 22 до 5 часот изутрина. Бројот на заразени и починати и понатаму е загрижувачки

Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise
Фотографија: Nake Batev/AA/picture alliance

Македонската Влада денеска одлучи да го продолжи полицискиот час, кој ќе биде на сила до  6 април. Ваквата одлука е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести која се состана денеска.

„Актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, продолжува до 6 април“, информираат од Владата.

-повеќе на темата: Нов полициски час: Рестрикциите поради Ковид-19 се нужно зло, вели доктор Даниловски

На седницата на Главниот координативен кризен штаб, на која ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа за состојбата со пандемијата на Ковид-19 во земјата, учествуваше и македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

„Иако пандемијата трае повеќе од една година, мора да продолжиме да се однесуваме совесно и одговорно и да ги почитуваме мерките. На тој начин, освен нашето, го штитиме здравјето и животите на нашите најблиски“, порача претседателот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, минатата недела на прес-конференција најави дека е можно зајакнување на рестрикциите доколку се влоши епидемиолошката состојба во земјата. Се споменуваше можноста да се зголеми времето на полицискиот час, како и да се скрати работното време на угостителите.

-повеќе на темата: Вирусот коси, мерките благи, има ли резервен план?

Во меѓувреме пандемијата зема нов залет. Се поголем е бројот на заразени, пред се поради брзото ширење на британскиот сој во земјата. Болниците се преполни, се бара место повеќе од заразените кои имаат потреба од лекарска помош и нега.

Вчера од направени 2.730 тестирања, беа регистрирани 642 нови случаи на Ковид-19 во земјата. Во Скопје, Прилеп и Велес има најголем број на новозаразени лица. Битката со Ковид-19 ја изгубија  25 лица, на возраст од 61 – 91 година. Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи е 15.131.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми