1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Полициски час од утре до 22 март 

ДТЗ
9 март 2021

Забраната за движење ќе трае од 22 до 5 часот изутрина. Таа нема да важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од скопскиот аеродром

Nord-Mazedonien Skopje Coronavirus
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Од утре стапува на сила полициски час, со кој се забранува движење на целата територија на С. Македонија во периодот од 22 до 5 наутро. Ваквата мерка ќе трае до 22 март. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците коишто доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници. Одлуката на донесе Владата на денешната седница, со што го прифати барањето на Комисијата за заразни болести која предложи воведување полициски час поради зголемениот број на заболени од Ковид-19. 

Правила и исклучоци

Владата објави детали околу мерката којашто стапува на сила утре: 
За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење, како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден до друг граничен премин. 
Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштаат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна. 
Министерството за информатичко општество и администрација треба да ги извести граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана за движење. 
Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и на оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

-повеќе на темата: Нов полициски час: Рестрикциите поради Ковид-19 се нужно зло, вели доктор Даниловски

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење. Оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.
Со одлуката на Владата се опфатени и сите домашни и странски физички лица. Патниците од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Р.С. Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација. „За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од африканскиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на изјава за транзитирање“, соопшти Владата. 

-повеќе на темата:Од полицискиот час ќе има повеќе штета одошто корист, тврди Владата 

Полицискиот час го помести и одржувањето на спортските и културните настани во земјата. Македонскиот народен театар информираше дека изведбата на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“  кои се на репертоарот од утре ќе започнат во 19 часот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми