1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Враќање во нормала - од среда без полициски час

ДТЗ
14 јуни 2021

Се препорачува да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, но и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите.

Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Главниот координативен штаб на утринскиот состанок ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестрикциите, со што е предвидено од 16 јуни да се укине полицискиот час во С. Македонија. Според надлежните, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.

-повеќе на темата: Филипче најави можна вакцинација и на деца од 12 до 16 години

Се препорачува да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, но и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Препораките треба да поминат на владина седница, по што би стапиле на сила од среда.

Ваквите препораки следат откако вчера немаше ниту еден починат ковид-пациент, првпат по 10 месеци, а регистрирани беа само осум новозаразени од 3068 тестирања.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова е мала победа, која влева надеж, но апелира да се почитуваат мерките за заштита. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми