Тежок удар за корисниците на даркнет
12 јануари 2021
Најголемиот интернет сајт за продажба на дрога, лажни документи или дури фалсификувани пари, кој се наоѓаше на даркнет, е откриен и е уапсено лицето кое го водело овој сајт, соопшти денска обивнителството во германскиот град Кобленц.
Администраторот на „Дарк Маркет“, претставен како „најголемо“ продажно место на светот, 34-годишен Австриец, е уапсен викендов на германско-данската граница и му е одреден притвор, соопшти обвинителството.
Во таа пригода запленети се и „над 20 сервери во Молдавија и во Украина“, додава обвинителството.
Повеќе:
-Интерпол во борба против сајбер-криминалот
-Криминалците си го имаат даркнет, полицијата не има нас
Платформата беше разбиена откако е угаснат серверот, наведуваат од обвинителството во Кобленц. Според истражителите, „Дарк Маркет“ е „веројатно наголемиот на светскиот пазар на даркнет, со речиси 500.000 корисници и над 2.400 продавачи“.
„Извршени се најмалку 320.000 трансакции“ во криптовалутите биткоини и монери, а станува збор за сума која би можела да достигне 140 милиони евра, додаваат од обвинителството.
Како што се прецизира, оваа платформа „првенствено е користена за продажба на сите видови дроги“, но „во продажба биле и фалсификувани пари, украдени или фалсификувани податоци за кредитни картички, анонимни СМС картички и компјутерски вируси“. Собраните податоци, како што нагласуваат од обвинителството, ќе овозможат истраги во нови насоки кон препродавачите, модераторите и клиентите.