1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Полицијата и натаму постапува брутално“

Андреас Хорхлер/ард9 август 2015

Кога пред една година еден бел полицаец усмрти невооружен црнец во Фергусон имаше повеќедневни безредија. Од тогаш траат дискусиите во САД за насилството на полицијата кон црнците. Но што се промени во Фергусон?

Фотографија: DW/G. Schließ

На 9. август 2014. година во Фергусон, во американската сојузна држава Мисури, е убиен невооружен тинејџер со црна боја на кожата. 18-годишниот Мајкл Браун го усмрти еден полицаец со бела боја на кожата, Дарен Вилсон. По ова убиство уследија улични борби. Предградието Сент Луис сакаше по овој инцидент да стори нешто повеќе за населението со црна боја на кожата и да го подобри односот меѓу полицијата и црнците. Една бронзена плоча потсетува на Мајкл Браун: „Во сеќавање на Мајкл О.Д. Браун, роден на 20. мај 1996. година, почина на 9. август 2014.“.

Меѓутоа претежно афроамериканското население вели: Се’ е повторно по старо. И Џејден Блек живее тука. Го прашуваме дали нешто се променило во изминатата година: „Не, стана полошо“, вели Блек. „Тие само чекаа да се смири ситуацијата. Сосема искрено, полицијата повторно постапува брутално.“

Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Maury

Кампањи за поправање на имиџот

Поранешниот градоначалник, белец, Брајан Флечер не се согласува со оваа оценка. Неговата иницијатива „Го сакам Фергусон“ треба да помогне овој мал град повторно да стане на нозе, да се обноват продавниците кои за време на немирите минатата година се уништени и да се поправи расипаниот имиџ. „Имаше многу иницијативи: од црквата, до социјалните установи. Тие се грижат за продолжување на образованието, 'Урбана лига' таму гради образовен центар. Ако и понатаму мислите дека ништо не се поправи тогаш се сомневам во тоа оти сте ги провериле сите извори на располагање“, вели Флечер. Станува збор за попрефинет начин да се каже следново: „Обвинувањата на Афроамериканците немаат основа.“

Доменика Фулер, службеничка во полицијата во Фергусон, е една од четрите службеници со црна боја на кожата од вкупно 54. Таа била на смена минатата година кога дошла Националната гарда, кога е употребен солзавец против демонстрантите, кога се искршени излози и кога гореа автомобили.

„Сите прифаќавме дека се’ уште постои напнатост меѓу расите, оти расизмот е се’ уште присутен. Не само тука во Сент Луис“, вели Фулер. „Сите оние кои се’ уште на Фергусон покажуваат со прст мораат да разберат: расизам постои секаде. Ние не сме полоши од Чикаго, Јужна Каролина, Детроит, во ред? Тој е едноставно тука.“

Градоначалникот смета дека Фергусон е на вистински пат

На сличен воопштен начин одговара и актуелниот градоначалник- белец- Џејмс Ноулс кога станува збор за обвинувањата против локалната полиција. Американското Министерство за правда во својот извештај, објавен на почетокот на годината, утврди „дикриминирачки намери“ на полицијата, и оти паричните казни против Афроамериканците се основен извор на приходи во општината. „Тоа мора да се гледа во контекст“, вели Ноулес.

Фотографија: Reuters/R. Wilking

„Во извешајот на миснистерството никаде не се наведува дека е политика во Фергусон полицијата целно да издвојува возачи од афро-американско потекло и ним да им наплатува парчни казни. Дали извешајот докажа оти постои различен однос на полицијата со Афро-Американците? Да! Тоа има врска со предрасудите, често со потсвесни предрасуди. На овие работи работиме во рамки на натамошното образувание пришто се работи за добро ускладена примена на законите во Фергусон. Се надеваме дека и во соседните општини ќе сторат така.“

Фергусон е на вистински пат, верува Ноулс. Градското собрание сега се состои половина од Афро-Американци, привремениот шеф на полицијата како и градскиот управител се црнци. Мајкл Мек Милан, раководител на здружението „Урбана лига" има сосема поинакво мислење. Тој вели дека станува јасно оти и во Њујорк, Балтимор, Тексас или другите места во Америка од недела во недела полицијата се’ почесто користи смртоносно насилство против црнците отколку против белците. Диреторот на ФБИ, Коми на почетокот на годината не можеше да посочи податоци за насилство на бели полицајци против Афроамериканци. Тој рече дека нема пријави во тој смисол, значи ни статистика.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми