Полицијата потврди: Заштитениот сведок се самоубил
29 септември 2011Портпаролката на ЕУЛЕКС Ирина Гудељевиќ изјави дека телото на сведокот Агим Зогај било пронајдено во парк во Германија.
Портпаролот на полицијата во Дуизбург, Рамон ван дер Маат, за Дојче веле денеска (29.09) изјави:
„Дуизбуршката полиција во вторникот имаше акција откaко доби информација дека исчезнал маж, кој од дома заминал велејќи дека ќе си стори себеси нешто. По повеќечасовна потрага, полицијата го пронајде лицето мртво. По целосната анализа на ситуацијата направена денеска изутрина, нема знаци дека за смртта е виновно трето лице.“
Зогај, кој бил војник во Ослободителната војска на Косово (ОВК) под команда на Лимај, бил испратен во Германија како заштитен сведок. Процесот против Фатмир Лимај и деветмина други обвинети завоени злосторства во селото Клечка, се очекува да почне на крајот на октомври. Според некои информации можниот датум за почеток на процесот е 17 октомври.
Сите осомничени во овој случај се обвинети за убиства, измачувања и заплашување на здравјето на цивили Албанци и Срби од Косово и воени заробеници од Србија во 1998-1999 година.
Автор: ЖА/ ЕА/ ЕМФ/ дпа
Редактор: А.Трајковска