1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога дојдоа тенковите на Варшавскиот пакт

20 август 2018

Прага се сеќава на задушувањето на Прашката пролет во 1968 година. Советското раководство тогаш ги собори реформските комунисти во Чехословачка за на сцена да настапат лојални другари.

1968 - Ende des Prager Frühlings
Фотографија: Arte

Половина милион војници, предводени од тенковите на советската армија: во ноќта меѓу 20. и 21. август 1968 година, трупите на Варшавскиот пакт ја задушија Прашката пролет по наредба на Комунистичката партија во Москва. Со тоа заврши еден сон дека во Источна Европа може да има социјализам кој ќе се темели на слобода, пред сѐ на слобода на мислење.

Уште од почетокот на 1968 година новинарите почнаа да ја игнорираат цензурата на ЧССР-КП. Александар Дубчек, шефот на чехословачките комунисти, им го дозволи тоа. Тој се залагаше за слободен и демократски социјализам со надеж дека Москва тоа ќе ѝ го дозволи на Прага. Особено затоа што чехословачките комунисти сакаа да останат дел Источниот блок, во кој доминираше Советскиот сојуз. Но стравот дека поголема слобода во Прага може да доведе до крај на владеењето на комунистичките партии во соседните земји беше поголем.

Сведок на времето со фотоапарат

Роланд Берауер таа ноќ ја поминал во извиднички шатор на еден фестивал во Прага. „Видовме како тенковите се движат кон центарот на градот“, се сеќава овој 82-годишен старец. Тој му се приклучил на еден извиднички весник кој можел да се издава слободно како резултат на Прашката пролет. Редакцијата е основана во еден шатор. Имале машина за чукање, машина за печатење и фотоапарат. Роланд Берауер бил фотограф. Тој ги информила за инвазијата и им препорачал да ја сокријат машината за чукање.

Роланд БерауерФотографија: DW/L.Hrabak

„Мене ми остана само да го спакувам апаратот и да тргнам накај центарот.“ Тој го фотографирал денот кога трупите на Варшавскиот пакт го окупираа градот. Пред зградата на јавниот сервис се пукало и тој се сокрил во блиската продавница за бои. Пред влезот на телевизијата беше пукано врз демонстраните кои беа против упадот на Советските војници. „Беше страшно“, се сеќава тој. Неколку месеци подоцна, Александар Дубчек, реформаторот на врвот на комунистичката партија, беше соборен.

Нови документи во архивите на тајната служба

Чешка сѐ уште се сеќава на овој ден, вели Ондреј Матејка. Заменик директорот на Институтот за истражување на тоталитаризмот во Прага е директен партнер за соработка со германските власти кои ги истражуваат актите на Штази.

„Со окупацијата '68 е поврзан пред сѐ големиот емотивен шок. Овој 21 август и неколку дена по него, кога луѓето сѐ уште можеа да се спротивстават пасивно и да покажат заедништво како општество беше навистина силно.“

За историчарот, анализирањето на настаните од 1968 година нема загубено на актуелност. Дотолку повеќе што во архивите на поранешната Чехословачка државна безбедност, како и во архивите на тогаш братските социјалистички држави, постојано излегуваат нови документи.

Оливер ШтрибингФотографија: DW/M.Hardenbicker

Реформите во Прага од пролетта 1968 година ги набљудувала и фотографии и извештаи на неформални соработници собирала пред сè разузнавачката служба на поранешната ГДР, Штази.

„Со ова за првпат е документирано дека разузнавачка служба на пријателска нација зема право да набљудува граѓани на друга земја“, вели архиварот од Берлин, Оливер Штрибинг, кој има архивирано над илјада фотографии од настаните во Прага. Згора на тоа, по сузбивањето на Прашката пролет, агентите на ГДР во Прага работат како експерти. И навистина сите разузнавачки служби во Источниот блок, во следните две децении се концентрираа на шпиони за да се обезбеди владеење на комунистичките партии.

Шефот на владата соработник на тајните служби?

Југословенскиот претседател Тито на 9 август 1968 година ја посети Чехословачка за да им изрази поддршка на лидерите на земјата која беше под притисок на СССР (од лево кон десно - чехословачкиот претседател Лудвик Свобода, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито и лидерот на Чехословачката комунистичка партија, Александер Дубчек)Фотографија: picture alliance/CTK

Историчарите кои работат на анализа на државната чехословачка тајна служба, и во Прага и во Братислава, се убедени дека овие траги се провлекуваат до денес. Минатата година за првпат беа објавени досиеја од кои произлегува дека дури и актуелниот премиер на Чешката Република, Андреј Бабиш, од 1982 година наводно бил неформален соработник на чехословачката тајна служба. Против ваквите обвинувања тој се брани со правни мерки – но неговата тужба против историчарите беше одбиена.

Недовршена работа

„Бабиш постојано го повторува зборот лага“, вели Петр Питхарт. Тој беше премиер на Чехословачка во преодниот период за време на падот на железната завеса и припаѓаше на најтесниот круг соработници на претседателот Вацлав Хавел. Бабиш работел во надворешната трговија на Чехословачка и по падот на железната завеса, благодарение на своите врски, успеал да направи успешна бизнис кариера.

Партијата на мултимилионерот минатата година, по популистички водената кампања, стана најсилна во Чешка. Питхарт не верува дека актуелниот премиер може да излезе од ситуацијата без да претрпи штета. Бабиш нема да стане успешен премиер, вели Питхарт. Историчарот Ондреј Матејка пак развојот на ситуацијата го гледа самокритично и вели: „Зошто сега имаме премиер кој бил 'неформален соработник', е поврзано со тоа што го постигнавме во изминатите 30 години во процесот на соочување со минатото, односно со тоа шти во тој процес не направиваме сѐ како што треба.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми