1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

685 милијарди евра репарации

Јацек Лепјарц
7 март 2018

Полските барања за репарации од минатото лето ги оптоваруваат односите Варшава-Берлин. Сега за првпат е изнесена и конкретна бројка. Германската влада наспроти тоа смета дека проблемот одамна е конечно разрешен.

Polen Deutschland Geschichte Jahrestag Überfall auf Polen Grenze
Фотографија: AP

Речиси 73 години се поминати од крајот на Втората светска војна- но и натаму има спор околу компензацијата за германските воени злосторства во Полска. Пратеникот на полската владејачка партија „Право и Правда“ (ПиС) Аркадиуш Муларчик сега изнесе конкретна бројка за уништувањата и загубите предизвикани од Германците- 850 милијарди долари (односно 685 милијарди евра)

Според наводите на национал-конзервативниот политичар овие нови проценки се засноваат на пресметките на полската Служба за воени штети од 1947 година, кои сега се актуелизирани. „Зборуваме за многу големи но основани суми за отштета за воените злосторства за разурнатите градови и села и за загуббениот демографски потенцијал на нашата земја“, изјави Муларчик за телевизијата Полсат Њуз.

Фотографија: picture alliance/dpa/U. Baumgarten

Отштета за „гигантски загуби“

Претникот на ПиС од септември минатата година предводи група парламентарци во Сејмот, која опстојува на тоа да биде направен нов биланс на  воените загуби, за да им се дадат аргументи на политичарите за евентуални преговори. Во 1989 година- по крајот на Студената војна- Полска и Германија започнаа да спроведуваат процес на помирување и меѓусебно разбирање. Политичарите на двете земји постојано се обидуваа, актуелната политика да ја рездвојат од минатото, без притоа да се заборави на германските нацистички злосторства.

Повеќе на темата:

-Полска бара, Германија не дава: Репарациите се одамна затворено прашање

-Во Полска ценета, меѓународно изолирана

-Моја Европа: Се вртиме во круг

Германија, врз основа на различни спогодби, по Втората Светска Војна на Полска како отштета ѝ има исплатено околу 1,6 милијарди евра. Барања за натамошни репарации за првпат се појавија во 2005 година- по преземањето на власта во Полска од страна на партијата ПиС. Тие, меѓутоа останаа без последици, зашто национал-конзервативниот табор набргу потоа мораше да ја предаде власта. Во летото 2017 година, лидерот на ПиС, Јарослав Качински повторно ја стави на дневен ред оваа чувствителна тема.  Тој говореше за „гигантски загуби“ и најави „историска контра-офанзива“. „Полска никогаш не се откажала од репарациите. Оние, кои мислат така, се во грешка“, истакна Качински.

Јарослав КачинскиФотографија: imago/Eastnews

Германија одмавнува

Германската влада ги отфрла ваквите барања. Портпаролката Улрике Демел изјави дека Германија политички, морално и финансиски стои зад својата историска одговорност, но прашањето на репарации е правно и полотички веќе конечно затворено. научната служба на германскиот Бундестаг ја поддржува позицијата на владата во Берлин. Сите барања за отштета поради германските злосторства во Втората Светска Војна загубија од важност најдоцна со склучувањето на договорот Два плус четири во 1990 година, се вели во во вештачењето. Овој договор важи за „Подвлечена црта под прашањето за репарации“. Згора на тоа самата полска влада во август 1953 година официјално се откажа од натамошни репарации.

Полската страна меѓутоа не ја импресионираат германските аргументи. Вештаците на полскиот парламент дојдоа до заклучок дека барањата се отворени како политички така и правно. Експетртите притоа го доведуваат во прашање легитимитетот на полската влада, која во 1953 година се откажа од барањата. Полска тогаш припаѓаше кон советската зона на влијание и постапуваше по наредба на Москва, без обѕир кон сопствените интереси, се вели во тоа вештачење.

Сеќавањето како средство за одвраќање на вниманието

Огромните воени загуби, кои Полска ги претрпе во војната за која се виновни Германците се историски факт. Од околу 35 милиони граѓани на земјата, за време на германската окупација загинаа шест милиони. Главниот град Варшава беше срамнет со земја, цела Полска во најголем дел беше ограбена и уништена.

Германските експерти и публицисти меѓутоа претпоставуваат дека зад новите барања за репарации од страна на ПиС се кријат внатрешно-политички причини: „Во суштина, меѓутоа, воопшто не се во прашање неспорните злосторства на Вермахтот и на СС единиците во Полска за време на окупацијата од 11939 до 1945 година, туку повеќе станува збор за подбуцнување на антигермански емоции. И токму затоа се и тие гигантски бројки“, пишува новинарот Свен Феликс Келерход од весникот „Велт“. И неговиот колега Михаел Турман од неделникот „Цајт“ смета: „Денеска Аркадиуш Муларчик и ПиС ги користат сеќавањата како средство за одвраќање на вниманието, кога Брисел и Берлин ја критикуваат партијата за авторитарна реконструкција на државата“. 

На прашањето, зашто не бара репарации од Русија, Муларчик одговара со разоружувачка искреност: надоместоците од Германија се „пореалистични“. „Русија е земја, која не се придржува кон меѓународното право, која го прекршува ова право“, ја опишува ситуацијата политичарот на ПиС. Муларчик планира наскоро да отпатува во Берлин, за во Бундестагот да ги потсети германските пратеници на долгот и вината на Германија. 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

Јацек Лепјарц Новинар во полската редакција со фокус на германско-полски теми.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми