1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска не заслужи повеќе шанси

Бернд Ригерт
21 декември 2017

Европската Комисија бара казна. Полска успеа да се исклучи себеси од ЕУ. На крајот, тоа ќе ѝ наштети и на земјата и на односите ЕУ-Полска, кои стигнаа до дното, смета Бернд Ригерт.

Polen Verabschiedung eines Gesetz über den Obersten Gerichtshof (Justizreform)
Фотографија: picture alliance/dpa/AP Photo/C. Sokolowski

Црн ден за ЕУ. Членот 7, најостриот меч во ЕУ-договорот, всушност беше воспоставен за да се избегне неговото користење. Сега, неодговорното однесување на полската конзервативно-националистичка влада го турна Брисел во следната криза, криза која директно удира во основата на кохезијата на Унијата. Полската влада, преку својот тврдоглав став за спроведување на правно дубиозното реструктуирање на правосудниот систем, ја принуди ЕУ да го преземе радикалниот чекор.

Потегот е нешто сосема ново, и претставува најдолна точка во односите меѓу Полска и ЕУ. Доколку, на крајот, се случи најсериозната од сите казни која произлегува од Членот 7 - одземање на правото на глас на Полска во ЕУ - тоа ќе значи суспендирање на нејзиното членство. Тоа ќе значи излегување на Полска од ЕУ на рати, преку паркингот, кој всушност никој не го посакува. 

Повеќе на темата: 

Дали Моравјецки ќе ја извлече Полска од изолација?

Се движи ли Варшава кон Полегзит?

Полска: Самоволието на Качински ги загрозува фундаменталните права

Европската Комисија ја предупреди Полска дека го ризикува своето членство во заедничкиот пазар на ЕУ, посочувајќи дека тој може да функционира само во земји кои го почитуваат владеењето на правото. Тоа тешко ќе ги погоди просечните Полјаци, и во џебовите и во однос на слободата на избор.

Топката е во дворот на Полска

Полската влада, која никогаш не се заморува од поплаки во однос на ЕУ, а во истовреме ги пружа рацете за да зема огромен дел од парите за помош на ЕУ, лесно може да ги избегне сите потенцијални проблеми. Доколку го промени однесувањето веднаш може да го запре процесот кој го активира членот 7. За жал, тоа се чини нереално. Лидерот на Партијата на право и правда, Јарослав Качински очигледно сака да направи пример и да го истурка својот националистички отпор кон наводниот диктат од Брисел до критична точка.

Бернд Ригерт

Заострениот став на Комисијата кон Полска ќе има влијание и врз остатокот од ЕУ. Доколку Унгарија си остане на зборот и ја поддржи Полска во актуелниот спор, поделбата меѓу истокот и западот во рамките на ЕУ само ќе се зголеми. Поделбата е веќе присутна, како што може да се види од новиот „источен блок“ кој го сочинуваат Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, а кој досега остро се спротивставуваше да ги имплементира мерките за редистрибуција на бегалците. Тоа е очигледно прекршување на Договорот, како што пресуди и Европскиот суд на правдата. Со нивната постојана непопустливост, овие земји ги напаѓаат основите на ЕУ, која се базира на правна усогласеност. Полска, од своја страна, одлучи да ја круниса оваа тажна состојба со инсистирање комплетно да го демонтира владеењето на правото дома.

Што ќе рече Полска доколку најголемите нето плаќачи во буџетот на ЕУ, како Германија или Италија, одбијат да ги исполнат своите обврски за членство и одеднаш не останат пари за субвенционирање на полските земјоделци или плаќање на полските инфраструктурни проекти?

Црн ден

Во Рим, на 60-от роденден на ЕУ во март годинава, Полска одново ја прифати својата посветеност кон заедничките европски вредности и верноста кон основите на ЕУ. Тоа ветување сега е целосно безвредно. На Полска сега и е даден уште еден рок од три месеци да ја преразгледа состојбата. Малку е веројатно дека Качински ќе го искористи тоа.

Европската Комисија беше принудена да преземе акција за да ја спаси основата на ЕУ. Црн ден кој не најавува ништо добро за следната година.

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми