1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици илјади Полјаци бараа останување на земјата во ЕУ

Мартин Кох
11 октомври 2021

Десетици илјади луѓе во повеќе од 100 полски градови и општини протестираа против правосудната реформа и можниот излез на земјата од ЕУ.

Polen | Urteil Verfassungsgericht | Demonstration in Warschau
Фотографија: Wojtek Radwanski/AFP/Getty Images

Демонстрации во текот на викендот имаше во сите делови на Полска. Протестите се поттикнати од стравот дека владеачката партија Право и Правда (ПиС), со својот критички курс кон ЕУ, ќе ја извади земјата од Унијата.

Само во главниот град Варшава на улците излегоа повеќе од 80.000 луѓе. Тие бараат Полска да остане во Европската унија. „Остануваме“, скандираа демонстрантите и вееја знамиња на Полска и на ЕУ.

„Ќе победиме“

Уставниот суд во земјата минатата недела донесе пресуда со која одредени елементи од правото на ЕУ ги прогласи за некомпатибилни со полскиот Устав. Со тоа му даде предност на нацоналното право пред правото на ЕУ. Оваа одлука уште повеќе го разгоре конфликтот помеѓу Европската комисија и Варшава околу реформата на полскиот правосуден систем.

Повеќе:

Полска уште не е загубена за ЕУ

Полска на пат да излезе од ЕУ?

На протести во Полска повика поранешниот претседател на Советот на ЕУ и лидер на полската опозиција, Доналд Туск. Во текот на својот настап пред демонстрантите, тој оцени дека владеачката партија ПиС веќе не криела оти сака да ја извади земјата од ЕУ. „Знаеме зошто сакаат да ја напуштат ЕУ - за да можат неказнето да ги кршат демократски правила“, рече Туск и потенцираше дека местото на Полска е во Европа. „Ние ќе победиме, зашто ние сме мнозинство!“

Говорот на Туск, како и на другите говорници, беа прекинувани постојано со извици од контрадемонстранти од десничарсконационални групации.

Валенса: Луѓето кои денес ја водат државата се голема несреќа за ПолскаФотографија: Bartosz Banka/Agencja Gazeta via REUTERS

Критики од нобеловецот Валенса

На демонстрациите во Гдањск зборуваше носителот на Нобеловата награда за мир и некогашен претседател на Полска, Лех Валенса. „Луѓето кои денес ја водат државата се голема несреќа за Полска“, рече тој. Ниту еден непријател кој некогаш владеел во Полска, не успеал да ги раздели луѓето толку многу како ПиС, рече Валенса.

Според анкетите, големо мнозинство от Полјаците и натаму претпочита членство на земјата во ЕУ. Односите помеѓу Варшава и Брисел, меѓутоа, се тензични откако ПиС дојде на власт во 2015 година. Во фокусот на конфликтот е правосудната реформа која ја турка ПиС, а која од апсект на ЕУ ја поткопува независноста на судството и поделбата на власта во државата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми