1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска сака нуклеарно оружје за Европа

Барбара Везел
9 февруари 2017

Во интервју за германски весник, Јарослав Качински, претседател на владејачката Партија на правото и правдата (ПИС) повика Европа да стане нуклеарна суперсила. Дали е неопходна оваа дебата?

Moskau Russische Interkontinental Rakete Atomwaffen Russland
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kolesnikova

Шефот на полската владејачка национално-конзервативна партија отвори дебата која претходно се водеше во ограничен капацитет. Во интервју за Франкфуртер алегемајне цајтунг, Јарослав Качински изјави дека Европа треба да биде суперсила со нуклеарен арсенал кој може да му парира на оној на Русија. Тој сепак призна дека таква програма би била многу скапа и оти не очекува таква инвестиција наскоро.

Настрана од тоа, Качински всушност отвори табу тема, која вообичаено е прифатена од индивидуални гласови. Еден таков пример е германскиот пратеник Родерих Кизеветер од конзервативната ЦДУ кој неодамна за новинската агенција Ројтерс изјави: „На Европа и треба нуклеарна заштита која ќе има функција да застрашува", доколку САД не ја продолжат заштитата. Но колку се реалистични ваквите идеи?

Сакаат ли Европејците француско-британски нуклеарен чадор?

„Не е изненадува тоа што сега гледаме ваква дебата“, изјави Ник Витни, поранешен шеф на Европската агенција за одбрана, кој моментално работи како советник во Европскиот совет за надворешни работи. Во принцип, прашањето е дали претседателот на САД е спремен да го жртвува Чикаго за да ја спаси Варшава. И кој би бил неговиот одговор на тоа? Политичката ситуација се промени толку брзо, а со неа и моментална состојба во одбранбената политика.

Но, колку ќе биде кредибилна европската нуклеарна програма со функција да застрашува? Пред триесет години, Лондон и Париз ќе беа почестени да бидат избрани како бранители на европскиот континент. Но, која држава на ЕУ би била подготвена да прифати таква нуклеарна одбранбена сила сега? Одлуката на Британија да ја напушти ЕУ го докрајчи остатокот од кредибилитетот на таквата идеја.

Која држава на ЕУ би прифатила да биде нуклеарна одбранбена сила?Фотографија: picture alliance/dpa/G.Staepler

Витни не верува во заедничка европска нуклеарна сила. „За тоа се потребни институции кои ЕУ ги нема“, изјави тој. Тоа ја остава само Франција со нејзините нуклеарни оружја, кои во ситуација на итност, би можеле само „да ја откинат раката на руската мечка“. Витни заклучува: „Дискусијата за ова е на маргините, ако не и целосно вон областа на реалните можности".

Нуклеарно оружје за ЕУ би било грешка

„Нема конкретна закана“, изјави Улрих Кун од Карнеги фондот за меѓународен мир. Во ерата на Трамп постојат аргументи за отворање на таква дискусија, но истовремено, вели тој, тоа „не е од помош“. НАТО сѐ уште постои и под водството на САД конвенционално оружје се стационира во Полска и на Балтикот. Сѐ додека посоти НАТО, Европјеците треба да стојат настрана од нуклеарната трка, изјави тој.

Кун додава дека сугестиите не се практични. „Русија има помеѓу 2.000 и 3.000 тактички нуклеарни оружја“, што значи дека Европа ќе се соочи со огромни трошоци доколку сака да обезбеди адекватен арсенал кој ќе има функција да застрашува. И секако, главното прашање е кој ќе го контролира црвеното копче? Настрана од овие прашања останува фактот дека мнозинството од граѓаните на Европа, вклучувајќи ги и тие во Послка, се против вклучување во трка за нуклеарно вооружување.

Кун исто така верува дека постои опасност да пропадне Договорот против распространување на нуклеарното оружје, доколку Европејците се повлечат од него. „Тоа ќе има глобални последици“, изјави тој. „Наеднаш може да се формираат 55 до 60 нуклеарни земји – ужасно сценарио“.

Наместо тоа, вели тој, Европејците треба конечно да го направат она за кое што долго време зборуваат: Да преземат конкретни чекори кон реализирање на соработката во одбранта, потпишување на договорите и да работат заедно на системи на оружје со цел да бидат поефективни и кредибилни во конвенционалните одбранбени мерки.

Галер: „Не сакаме да ја оживееме старата дебата за вооружувањето од 1980-те години“Фотографија: picture-alliance/K. Rose

Не на трката за нуклеарно вооружување

Михаел Галер од Комитетот за одбрана во Европскиот парламент, исто така, е за поголема соработка во ЕУ. „Конечно треба да го направиме она што ни го овозможува Лисабонскиот договор, а тоа е имплементирање на структурна соработка“, изјави тој. Според документ на парламентарната комисија за одбранбена политика, од 203 милијарди евра кои се трошат на одбрана во ЕУ, 26 милијарди можат да бидат заштедени или пренаменети доколку земјите членки почнат да соработуваат.

„Заеднички зафати, заеднички вежби и заедничка структура“, се следните чекори според Галер. Тој вели дека трка за нуклеарно вооружување би била грешка и иако смета оти руското тактичко нуклеарно оружје е реална закана, верува дека има баланс кога станува збор за нуклеарните програми кои имаат функција да застрашуваат. Галер останува цврст во своето убедување дека тоа е „дебата која не треба да се отвара“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми