1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Полска стравува од нови судири со мигрантите од Белорусија

ЕМФ | агенции
9 ноември 2021

Ситуацијата на границата помеѓу Полска и Белорусија е тензична. Полска стравува од нови судири. ЕУ во меѓувреме договара санкции против Белорусија.

Belarus Polen Grenze Migration Flüchtlinge
Фотографија: KUZNICA BIALOSTOCKA/ via REUTERS

„Белорускиот режим ја напаѓа полската граница, ја напаѓа ЕУ, на невиден начин“, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава. Претставник на полската влада изјави дека тензиите би можеле да се зголемат во деновите што следат и може да биде неопходна дополнителна меѓународна помош. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска претпладне го посети кризниот регион за да демонстрира поддршка за илјадниците војници, граничари и полицајци кои добија наредба за распоредување на границата.

Вчера на белоруската страна од границата се собраа стотици луѓе. Дел од нив, според видео-снимки, се обидуваа со лопати и дрвени колци да ја скинат бодликавата жица. Полскиот претседател изјави дека ваквите обиди претставуваат „акт на агресија“. Полските власти ги обвинуваат белоруските безбедносни сили дека целно ја дестабилизираат ситуацијата, со тоа што биле испалувани истрели во воздух и на мигрантите им биле давани алати за сечење на жицата на границата. Полските граничари вчера регистрирале 309 илегални обиди за премин на границата, а уапсени биле 17 лица, главно Ирачани.

Повеќе:

Бегалска драма на границата меѓу Полска и Белорусија: Сириец си ги бара родителите

Стотици мигранти се пробиваат кон белоруско-полската граница

Полска: Зелено светло за изградба на ѕид на границата со Белорусија

Според зборовите на Дуда, во камп близу границата од белоруска страна има околу 1000 мигранти, пред сѐ млади мажи. Европската комисија соопшти дека на белоруската страна од границата со Полска има околу 2000 луѓе. Според полски проценки, во моментов во Белорусија има околу 12.000 мигранти.

Полските граничари вчера регистрирале 309 илегални обиди за премин на границата, а уапсени биле 17 лицаФотографија: Leonid Scheglov/BelTA/REUTERS

Заострување на санкциите против Белорусија

Европската унија во спорот со бегалците со Белорусија се одлучи за заострување на санкциите. Земјите членки на ЕУ се договорија значително да го отежнат издавањето визи за одговорни лица во Белорусија, соопшти словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс. Тој додаде дека одлуката е „одговор на хибридниот напад од страна на белорускиот режим“.

ЕУ го обвинува белорускиот претседател Александер Лукашенко за целно насочување на мигрантите на границите на Белорусија со Полска, Литванија и Летонија, во знак на одмазда за досегашните санкции против неговата земја.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми