1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полскиот претседател стави вето на правосудните закони

БГ
24 јули 2017

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска најави дека ќе стави вето на два од трите закони со кои се предлага реформа на правосудниот систем во земјата. Десетици илјади Полјаци со денови протестираа против законите

Polen Stellungsnahme des Präsidenten Andrzej Duda
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/M. Wlodarczyk

Најавата на Дуда ги релаксира стравувањата дека владејачката полска Партија на правото и правдата (ПиС) ќе ја наруши поделбата на власта во земјата. „Одлучив да му ги вратам на Сејмот (долниот дом на парламентот), што значи ќе ставам вето на законот за Врховниот суд, како и на законот за Националниот совет за судството“, изјави Дуда.

„Тоа што се предлага не е реформа, туку присвојување на судовите. Им честитам на сите Полјаци, ова е голем успех“, изјави Катарина Лубнауер, шефица на парламентарната група на опозициската партија Новочесна.
Полската валута злоти веднаш забележа раст во однос на еврото, рефлектирајќи го ставот на инвеститорите за намален политички ризик во Полска.
Одлуката на Дуда го става во директен конфликт со лидерот на Партијата на правото и правдата, Јарослав Качињски кој нема државна функција, но ги контролира процесите во земјата. Дуда беше избран на функцијата благодарение на поддршката од Качињски.

Десетици илјади протестираа во Варшава

01:33

This browser does not support the video element.

Десетици илјади граѓани со денови демонстрираа на улиците на повеќе полски градови откако минатата недела парламентот ги усвои контроверзните закони со кои, според критичарите, се одзема независноста на судството. Европската Комисија најави остри мерки против Полска доколку законите стапат во сила. Ветото на Дуда засега го оневозможува тоа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми