Јужнокорејските безбедносни служби не можеа да го потврдат извештајот дека полубратот на севернокорејскиот лидер бил соработник на ЦИА и оти пред да биде убиен патувал на состанок со својот контакт во оваа тајна служба.
Реклама
Официјални претставници на јужнокорејската разузнувачка служба и на министерството за обединување денеска изјавија дека не можат да ги потврдат информациите кои вчера ги пренесе американскиот весник Волстрит Џурнал. Весникот како извор за извештајот во кој се вели дека Ким Јонг Нам бил соработник на ЦИА наведе неименувано лице „запознаено со работите“,
Вол Стрит Џурнал пренесе дека Ким Јонг Нам неколкупати се сретнал со оперативци на американската тајна служба но речиси сите други детали околу неговата врска со ЦИА остануваат непознати. Самата ЦИА сѐ уште ги нема коментирано ваквите наводи.
Ким Јонг Нам беше убиен на 13 февруари 2017 година, кога две млади жени го испрскаа со отровниот гас Ве Икс на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Обвиненијата за убиство против двете жени претходно годинава беа отфрлени. Тие се товареа за соработка со четворица Севернокорејци за кои обвинителството тврдеше дека на денот на убиството ја напуштиле Малезија. Адвокатите на обвинетите жени наведоа дека тие се користат како пиони во политичкото убиство јасно поврзано со севернокорејската амбасада во Куала Лумпур.
САД и Јужна Кореја за убиството на Ким Јонг Нам го обвинија Пјонгјанг, но самата Малезија никогаш официјално не го стори тоа. Ким Јонг Нам беше најстариот член на актуелната генерација на владејачкото севернокорејско семејство, и можеше да биде виден како закана за владеењето на Ким Јонг Ун.
За што е способна севернокорејската армија?
Северна Кореја повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Тестирањето на интерконтиненталните ракети наидува на остри критики. Земјата има една од најголемите армии во светот. Но, продолжува да се вооружува
Фотографија: Reuters/KCNA
Меѓу најбројните армии во светот
Севернокорејската армија има 700 илјади војници и околу 4,5 милиони резервисти. Речиси секој петти жител на земјата е во војска. Сите мажи во комунистичкиот режим мораат да учествуваат во воената обука. Поради тоа, Северна Кореја има двојно повеќе војници од соседната Јужна Кореја.
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Jones
Различни воени орудија
Според податоците наведени во Глобалниот индекс за вооружување, Северна Кореја во 2017 година располага со 76 подморници, 5.025 тенкови и 458 борбени авиони. На оваа фотографија од 2013 година, лидерот Ким Јонг Ун е сликан во командната централа на армијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Воена парада
Севернокорејскиот режим секоја година ја демонстрира својата сила на воена парада во главниот град Пјонгјанг. Парадите воглавно се одржуваат за време на некој важен јубилеј на комунистичката земја или семејството Ким.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Интерконтинентални ракети
САД во четвртокот потврдија дека Северна Кореја успешно тестирала балистичка интерконтинентална ракета. Ракетата од типот „Хвасонг- 14“ е во состојба да ја погоди секоја цел во светот, јави државната новинска агенција КЦНА.
Фотографија: Getty Images/AFP/KCNA
Атомските проби продолжуваат
И покрај острите санкции, Северна Кореја продолжува со својата атомска програма. Само во 2016 година беа извршени пет нуклеарни проби. Јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин Ко смета дека соседот наскоро ќе го изврши и шестиот тест.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Закана за светскиот мир
Кина и Русија се единствените земји кои се водат како сојузници на Северна Кореја. Режимот за главен непријател ја смета „империјалистичката сила САД“. Меѓу непријателите уште спаѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.
Фотографија: Reuters/K. Hong-Ji
Крај на трпението?
По тестирањето на интерконтиненталните ракети на американското трпение му дојде крајот. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да најде решение со своите сојузници од Г20. Кина и Русија, во секој случај, сакаат да спречат американски напади врз воени цели во Северна Кореја.