1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Помага ли никотинот против коронавирусот?

Гудрун Хајзе
23 април 2020

Според една француска студија, пушачите би можеле да бидат подобро заштитени од корона, затоа што никотинот ги блокира местата за прицврстување на вирусот. Друга студија пак го тврди спротивното.

Symbolbild: Raucher / Rauchen in der Öffentlichkeit/
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Kryazhev

Пушачите важат за ризична група при инфекциите со коронавирус. Нивниот тек на болеста, според една студија објавена во Чајниз Медикал Журнал, главно минува потешко и е подолготраен од оној на непушачите, а честопати завршува дури и со смрт.

Француските научници од тимот на невробиологот Жан-Пјер Шанже на Институтот Пастер, меѓутоа, претпоставуваат дека никотинските фластери би можеле да помогнат за спречување на инфекции со опасниот вирус. Тие објавија ваква хипотеза на научниот портал Киос.

До таква хипотеза дошле поради тоа што, според нивните податоци, кои се спротивни на кинеската студија, меѓу пациентите со Ковид-19 имало само мал број на пушачи.

Најважни резултати од студијата: Од 500 Ковид-19 пациенти, 350 биле лекувани во болница, а 150 имале полесен тек на болеста. Само пет проценти се пушачи, рече раководителот на студијата и професор по интерна медицина, Захир Амура за агенцијата АФП. Тоа значи дека меѓу болните од Ковид-19 има 80 проценти помалку пушачи отколку што има пушачи воопшто во населението од истите групи на возраст и пол.

До сличен резултат дојде и една поранешна студија на истражувачи од Верона, Италија, предводени од Џузепе Липи, која беше објавена во Европскиот журнал за интерна медицина. И тука заклучокот е дека пушачите не заболуваат почесто од Ковид-19 отколку другите.

Никотинот како заштита?

Француската студија поаѓа од тоа дека никотинот би можел да биде заштита од короната. Зад тоа се крие хипотезата „дека никотинот се прицврстува на клеточните рецептори (АЦЕ2), кои се користат од страна на коронавирусот, и на тој начин го спречува прицврстувањето на вирусот“, објаснува професорот Жан-Пјер Шанже од Институтот Пастер.

Помага ли против Ковид-19? Лекарите сепак препорачуваат да не се пушиФотографија: AFP/I. Fassbender

Вирусот не може да навлезе во клетката и не може да се шири во организамот, гласи заклучокот на истражувачите. Тоа сега се истражува детално во париската болница Ла Пити-Селпетриер.

Каква улога навистина имаат АЦЕ2-рецепторите?

Меѓутоа, научниците не се единствени во ставот дека АЦЕ2-рецепторите имаат блокирачко дејство. Невролозите Џејмс Л. Олдс и Надин Кабани од Ферфекс, Вирџинија, уште на 18 март објавија студија воФЕБС Журнал во која се вели дека никотинот повеќе ги поттикнува клеточните рецептори.

Оттука, тие претпоставуваат дека вирусот има дури и подобри можности да навлезе во клетките. Тоа би било објаснувањето за особено тешки случаи на заболени од Ковид-19 кај пациентите пушачи.

Повеќе:

Да се пуши или да се „пафка”: електричните цигари се помалото зло?

Пушењето те убива и тебе и планетата

Наргилето поопасно од цигарите

Пушењето не е решение

Дали имаат право француските научници или нивните американски колеги може да покажат само натамошни истражувања. Практично сите медицинари се меѓутоа единствени во ставот дека пушењето претставува дополнителен ризик при заболувањето Ковид-19.

Тие советуваат да се престане со пушење најбрзо што е можно, зашто коронавирусот ги напаѓа пред се’ белите дробови, кои кај пушаите се и онака веќе оштетени.

Забрана за пушење - неопходна заштита или хистерија?

02:00

This browser does not support the video element.

За разлика од случаите на примање чист никотин, како на пример со никотински фластери, кои вообичаено ги користат луѓето кои сакаат да се откажат од пушење, при пушењето телото дополнително се оптоварува со многу штетни материи, меѓу кои и супстанции кои поттикнуваат рак.

Со оглед на тоа што никотинските фластери имаат различно дозирање, неопходни се уште многу истражувања и тестови. Доколку француската студија се покаже како точна, никотинот би можел дури да ги штити од зараза луѓето кои доаѓаат во контакт со корона-пациенти и со тоа се изложени на повисок ризик од инфекција.

Но, земањето никотин во никој случај не е неопасно, затоа што никотинот е отров. Од една цигара, која содржи 12 милиграми никотин, пушачот внесува еден до три милиграми никотин.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми