Конвојот на Црвениот крст кој требаше да ја донесе итно неопходната помош во опколениот Мариупол не стигна во градот. Ситуацијата не го дозволила тоа, се вели од Црвениот крст.
Реклама
Конвојот на Црвениот крст денеска (1.04) не успеа да ја донесе итно неопходната помош за луѓето во Мариупол. Според соопштението на Црвениот крст, условите не дозволувале конвојот да стигне до градот во кој се водат тешки борби и кој е под опсада на руските трупи. Обид за влез во градот повторно ќе биде направен во текот на утрешниот ден. За конвојот да може да се пробие, многу е важно страните во конфликтот да се држат до договореното и да пружат неопходни безбедносни гаранции, се вели од Црвениот крст.
Обид за бегство со автобуси
Многу луѓе од Мариупол и денеска се обидуваа да го напуштат градот со приватно организирани конвои. 42 автобуси со околу 3000 луѓе се обиделе да го напуштат градот, изјави волонтер во Запорожја. „Не знаеме кога ќе дојдат, тоа зависи од контролните пунктови.“
Портпаролот на Црвениот крст, Иван Вотсон, рече дека „веќе не постојат придавки со кои може да се опише ужасот во кој страдаат жителите на Мариупол“. „Ситуацијата е страшна и се влошува“, додаде Вотсон.
Во теко тна изминатите недели пропаднаа повеќе обиди за евакуација на цивилите кои се опколени во Мариупол. Според украински наводи, од почетокот на војната во градот загинале најмалку 5000 луѓе, а околу 16.000 цивили сѐ уште се наоѓаат во речиси уништениот град. Хуманитарната ситуација во Мариупол е катастрофална, речиси без никаков пристап до вода, храна и електрична енергија.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.