1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помош од сите за истрага на трговијата со органи на Косово

9 февруари 2011

Меѓународната кризна група е последна во редот влијателни организации која се заложи за успешна истрага и неодложно предавање во ЕУЛЕКС на доказите за наводната трговија со човечки органи на Косово.

Премиерот на Косово Хашим ТачиФотографија: dpa

„Меѓународната кризна група апелира до сите организации, установи и поединци да одговорат на барањето на ЕУЛЕКС и итно да ги дадат сите докази во врска со тврдењата на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти“, се наведува во соопштението објавено по синоќешниот состанок на оваа организација во Брисел.

Во извештајот што го прифати Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Марти тврди дека албанските бунтовници од редовите на ОВК за време на војната на Косово на крајот од 90-те години од минатиот век тргувале со органи на заробениците, главно Срби.

Фотографија: International Crisis Group

Поздравена готовноста за целосна соработка на косовската Влада

ЕУЛЕКС на крајот на минатиот месец соопшти дека ќе започне истрага. Иако властите на Косово и премиерот Хашим Тачи, како еден од поранешните команданти на ОВК, ги отфрлија тврдењата на Марти, тие сепак истакнаа дека се заинтересирани за утврдување на вистината.

Затоа и МКГ во своето соопштение ја поздрави понудата на Владата на Косово за целосна соработка во истрагата на воените злосторства. Претходно неделава организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч бара независна истрага за наводната трговија со човечки органи на Косово. Истрагата би требало да ја води тим формиран посебно за таа цел со доволно политичка моќ за нејзино успешно спроведување и за заштита на сведоците, порача Хјуман Рајтс Воч.

Автор:СН/ БГбета/дв

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми