Поплави во Германија и Швајцарија
9 август 2007Реклама
Силни дождови во текот на ноќта предизвикаа поплави во делови од Германија. Во покраината Баден Виртенберг голем број улици беа поплавени, меѓу нив и делови од автопатот. Загрижувачки е порастот на нивото на реката Рајна на југо - западот на земјата. Поради силните дождови можно е да биде забранет бродскиот сообраќај во горниот тек на Рајна во Швајцарија. Повеќе швајцарски кантони исто така беа зафатни од силни дождови и поплави.