Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме
Давид Ел
17 јули 2021
Во 2021 година, многумина можат да се уверат дека климатските промени веќе одамна се всушност климатска криза. Важно е што сега многу се говори за заштитата на климата - но второто ниво често се заборава, смета Давид Ел.
Реклама
Размерите на катастрофата полека стануваат видливи: десетици луѓе се мртви, многумина сè уште се водат за исчезнати. Масите вода уништија цели места, со себе носејќи куќи, автомобили и дрва.
Вакви природни катастрофи имало отсекогаш, долго пред почетокот на индустриската ера на фосилни горива. Но, бидејќи луѓето постепено двојно го зголемија количеството на СО2 во атмосферата и Земјата веќе се загреа за еден степен, нивниот број и размери се зголемија.
Истовремено, летово на северната хемисфера се претвора во слика на климатска криза: Додека големи делови од западна Германија се под вода, Северна Америка делумно се претвори во печка, со смртни случаи од горештини, рекордни температури и пожари до кои водата за гаснење дури ни не достигнува бидејќи претходно испарува.
За заштита на климата се зборува, но сè уште не за заштита од климата
Ако ништо друго, во јули 2021 година барем сериозно се зборува за митигација, односно за ублажување на најлошите последици од климатските промени. Европската комисија штотуку го претстави својот пакет „Фит за 55“, (Fitfor55) кој предвидува конкретни мерки за намалување на емисиите на гасови штетни за климата, на пример, забрана за нови мотори со внатрешно согорување во целата Европска унија од 2035 година. Кандидатот за германски канцелар од редовите на христијанските демократи, Армин Лашет, веднаш рече дека тој не смета „оти политиката мора да одреди датум“. Од друга страна, шведската климатска активистка, Грета Тунберг на Твитер објави: „Ако ЕУ не го искине својот пакет # Fitfor55, светот нема шанси да остане под 1,5 степени на глобално затоплување“.
Како 32-годишник, чисто според возраста, јас сум поблиску до Грета Тунберг отколку до Армин Лашет. Ме плаши мислата дека поплавите и топлотните бранови на ова лето се само предвкус на условите што ќе ги доживеам кога ќе бидам стар колку Лашет денес - и особено во споредба со она што ќе го доживеат идните генерации. За да имаат шанса да преживеат, клучна е гореспоменатата митигација. Но, исто толку важна е и адаптацијата, т.е. прилагодувањето кон условите за живот на загреаната Земја.
Нашиот животен простор мора да го прилагодиме на климатската криза
Досега ова лето, Германија беше соочена со една недела на горештини - и државниот завод за статистика веднаш регистрираше единаесет проценти повеќе смртни случаи во овој период. Тешко е да се замисли што би се случило во земјата ако температурите се искачат на 46, 47 или 49 Целзиусови степени, како неодамна во канадското место Литон. Тоа се наоѓа северно од 50-тата паралела - точно на висината на малите германски градови како Бопард или Кобург.
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Европскиот парламент прогласи „климатскa вонредна состојба“, бидејќи Европа доживеа екстремни временски услови- од рекордните топлотни бранови, па сè до катастрофални поплави. Дали за тоа се виновни климатските промени?
Фотографија: picture-alliance/S. Ziese
Рекордни топлотни бранови
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови.
Во ноември 2019 година, италијанскиот град архипелаг Венеција доживеа повеќе поплавувања и високо ниво на водата од 1,5 метри, кое беше достигнато трипати во една недела, за прв пат во историјата. Прогнозираното покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени може во иднина да ги направи овие настани уште почести.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina
Шумски пожари во Шпанија
Истиот топлотен бран што донесе рекордни температури во Франција ги предизвика најлошите шумски пожари кои ја погодија Шпанија во последните 20 години. На шпанскиот остров Гран Канарија, пожарите во август го уништија националниот парк на популарниот туристички остров. Повисоките температури и сувиот воздух како резултат на климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.
Фотографија: Reuters/B. Suarez
Германските шуми изумираат
Комбинацијата од суша, невреме и екстремна топлина ги осиромашува германските шуми. Според БДФ, група за заштита на шумите, во Германија, повеќе од 1 милион дрва умреле од 2018 година. „Ова веќе не се поединечни невообичаени временски настани. Ова се климатските промени“, вели претставник на БДФ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Frey
Исчезнуваат глечерите на Алпите
Глечерот на италијанската страна на Мон Блан доживеа забрзано топење во 2019 година. И ентузијастите одржаа „погреб“ за глечерот Пизол на швајцарските Алпи, кој речиси целосно исчезна. Научниците велат дека климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите на Алпите.
Фотографија: AFP/F. Coffrini
Сушата влијае врз производството на храна
Сушата во Германија две години по ред силно ги погоди земјоделците. Во 2018 година, рекордната суша предизвика големи загуби кај земјоделските култури, а топлотните бранови во 2019 година, дополнително ги оштетија земјоделските култури. „Климатските промени значат почести суши и екстремни временски услови во Германија“, изјави потпретседателот на германската служба за временски услови Паул Бекер.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe
6 фотографии1 | 6
Значи, крајно време е да преземеме мерки на претпазливост и на ова второ ниво. Против екстремните горештини речиси и да нема мерки на прилагодување, но во тоа барем малку можат да помогнат концептите за урбанистичко планирање: коридори за свеж воздух преку кои може да се изврши размена на воздухот, зелените површини, кои придонесуваат за намалување на температурата, наместо бетон и асфалт, кои дополнително ја складираат топлината.
Веќе има концепти
И против поплавите и поројните дождови веќе постојат, испробани и докажани мерки, кои ги надминуваат поефикасните атмосферски канализации и одводни цевки. Всушност, покрај многу германски реки одамна има насипи, брани и поплавни базени. На некои места има и речни ледини како тампон зони кои лесно можат да бидат поплавени без последици. Во иднина, такви тампон зони од поплави ќе треба да се создаваат и во градовите: на пример, во центарот на холандски Ротердам, има плоштад на кој намерно се поставени три големи базени. Кога времето е убаво, таму можете да се седи на скалите или да се вози скејтборд, но, кога врне, базените се полнат еден по друг.
Кои се последиците од затоплувањето на морињата и океаните?
Поради промена на климата, брзо расте температурата на морињата, што има драматични последици за морските жители. Тоа предизвикува и зачестени временски екстреми, како урагани, поплави и шумски пожари.
Фотографија: NGDC
Почести и посилни урагани
Интензитетот на тропските невремиња е поврзан со површинската температура на океаните и морињата. Ураганите и тајфуните ќе траат се` подолго, во Северен Атлантик и Северен Пацифик ќе има повеќе урагани со уште поголема сила. И во досега поштедените региони ќе доаѓа до разорни бури.
Фотографија: AFP/Rammb/Noaa/Ho
Раст на морското ниво и бури со поплави
Морињата се загреваат како последица на зголемените температури на земјината атмосфера. Со тоа доаѓа до термичко ширење на водените маси, со што расте нивото на водата на морињата. Тоа ќе доведе до исчезнување на животниот простор и егзистенцијалната основа на бројни жители на крајбрежните населби.
Додека на одредени места ќе има обилни врнежи од дожд и поплави, екстремните временски услови во други места ќе предизвикуваат екстремни сушни периоди. Последица на тоа се сиромашни жетви и појава на шумски пожари. Сезоната на пожари на многу места ќе се пролонгира, а бројот на пожари драстично ќе се зголеми.
Фотографија: Reuters/AAP Image/D.
Поместувања во екосистемите
Преку затоплувањето на морињата доаѓа до поместувања кај популациите, а со тоа и кај морските екосистеми. Рибите и морските цицачи се придвижуваат кон северениот или јужниот пол, слично како и копнените животни. Популацијата на бакалар во Северно Море се осипува посилно отколку што е објасниво со прекумерен риболов. Посеверните рибарски региони можат да профитираат од овој развој.
Фотографија: by-nc-sa/Joachim S. Müller
Расте киселоста на морињата
Зголемената температура на морињата води до директно разградување на ЦО2 во површинските слоеви вода, ПХ вредноста на морската вода се намалува и таа станува „кисела“. Школките, морските ѕвезди, коралите, раковите и морските ежови ја губат способноста за градење на енкоскелетите. Затоа отпаѓаат како филтер за штетни материи, но и како храна за други морски жители.
Помалку планктон како храна
Со намалената ПХ вредност на водата, ситните алги можат да примаат помалку железо. Но, минералот му е потребен на планктонот за неговиот раст. Со оглед на тоа што многуте видови планктон градат исто така скелети, од водата со зголемена киселост се двојно погодени.
Фотографија: picture alliance / dpa
Намалување на содржината на кислород
Потоплата вода може да зачувува помалку кислород, па затоплувањето на морињата носи проширување на областите сиромашни со кислород. Во многу мориња уште сега постојат т.н смртни зони, во кои поради ниската количина кислород веќе не можат да живеат никакви животни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt
Експлозивно распространување на алги
Во топли, сиромашни со кислород води, алгите можат експлозивно да се размножуваат. Нивниот отров ги убива рибите и другите морски суштества. Веќе сега цели „теписи“ од алги ги загрозуваат на многу места рибарството и туризмот. Ова се слики од пред брегот на Чиле, каде црвените алги убиваат илјадници риби.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Marquez
Обезбојување на коралите
Бели варовични скелети без живот. Коралите не ја губат само својата боја, туку и способноста за размножување. Колониите корали изумираат и не нудат заштита и храна, како и подлога за лов за бројни морски суштества.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Naupold
Промена на морските струења
Доколку поради затоплувањето на морињата биде прекината северноатлатската морска струја, ќе дојде до силен студен бран во цела Западна и Северна Европа. Зашто, таа се грижи за постојана циркулација на морската вода, со тоа што водата од површината ја симнува во подлабоките, студени слоеви. Прекин им се заканува и на останатите морски струења.
Фотографија: NGDC
10 фотографии1 | 10
Климатска адаптација за итни ситуации, во моментов спроведува и Мајами Бич во САД : целиот град, имено, постепено се поставува повисоко и се опремува со моќен систем на подземни цевки, базени и пумпи, со цел и при сѐ покатастрофалните урагани и растечкото ниво на морето да не биде целосно поплавен.
Постојат многу такви концепти - па дури и ако со нив сигурно не можат да се спречат сите штети, кои ги предизвикуваатт екстремните временски прилики на денешницата, тие можат барем малку да ги ублажат размерите на штетите. Во борбата против климатската криза, најважно останува брзо да им се стави крај на натамошните емисии на ЦО2. Но, ни треба и поголема свесност за тоа како можеме подобро да се заштитиме од разорните ефекти на климатската криза.