1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: ЕУ да носи принципиелни одлуки околу напредокот на кандидатите

СН/ам/мф8 мај 2014

Европската унија (ЕУ) треба да им обезбеди на сите земји од регионот кредибилно да напредуваат кон Унијата и да носи принципиелни одлуки, порача во Солун шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Фотографија: AP

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Солун, во своето обраќање на Министерската конференција „Европска унија – Западен Балкан“, истакна дека перспективата за членство во ЕУ е движечка сила за стабилност и просперитет во регионот, притоа потсетувајќи дека најзначајните пораки за eвропската перспектива за земјите од регионот беа дадени токму во Солун во 2003 година. Воедно, министерот Попоски подвлече дека довербата и напорите за зачувувањето на кредибилитетот колку важи за земјите кандидати, толку е и на страната на ЕУ земјите-членки.

Министeрот предочи дека Македонија е целосно подготвена да ги започне преговорите за членство, што неколку години наназад тоа го констатира ЕК и тоа со голема доза на интегритет и способност за справување со политички притисок. Тоа треба да се рефлектира и од страна на земјите-членки на ЕУ при носењето на одлуки, бидејќи свесни сме дека тоа се прави и со користење на политиката на моќ и со владеењето на правото, како и дека постои политичко, наспроти носење на одлуки базирано на учинок.

„Ако целта на ЕУ е сите од регионот да бидат внатре, како што е порачано токму од Солун пред 11 години, тогаш треба да се овозможи за сите кредибилно да напредуваат. За тоа да се случи, потребно е носење на одлуки врз принципи, без избегнување на отворена дискусија“, изјавил Попоски.

Македонскиот министер порачал дека Македонија нема ниту намера, ни интерес да наштети на својот јужен сосед, ниту на неговите интереси, туку дека успех за Македонија е земјите да бидат заедно во ЕУ и да градат долгорочно партнерство во интерес на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми