1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски: прислушкувале Заев и неговите во тајните служби

Б.Георгиевски25 мај 2016

Шефот на македонската дипломатија тврди дека прислушкувањето е дело на лидерот на СДСМ, Заев. Попоски вели дека мнозинството граѓаните ја поддржуваат неговата партија и го критикува претседателот Иванов за амнестијата.

Фотографија: DW/D. Mac Coitir

„Патот до пеколот понекогаш е поплочен со добри намери“. Ова е објаснувањето на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за општата аболиција која ја прогласи претседателот на државата Ѓорге Иванов. Во интервју за специјалниот магазин „Зона на Конфликти“ на Дојче Веле, Попоски меѓудругото, за политичката криза и прислушкувањето во земјата го обвинува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Изборите биле одложени заради СДСМ, откако сите други партии сакале да учествуваат на нив, тврди министерот за надворешни работи.

„Не мислам дека претседателската аболиција беше од корист. Мислам дека не требаше да се случи. За земјата ќе беше подобро доколку тој тоа не го стореше“, вели Попоски. Тој признава дека аболицијата ја влошила политичката состојба, но не мисли дека поради тоа Иванов треба да си поднесе оставка.


„Мислам дека неговите намери беа позитивни, но последиците беа многу негативни. Понекогаш патот до пеколот е поплочен со добри намери“, вели Попоски.

Аболицијата на Иванов беше грешка

01:02

This browser does not support the video element.

Уште поинтересно е тврдењето на Попоски дека експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексшефот на тајната служба Сашо Мијалков побарале од Иванов да ја повлече аболицијата за нив.
„Треба да знаете дека сите лица кои ги споменавте побараа да бидат исклучени од претседателската аболиција“, тврди Попоски. Според информациите, досега само Груевски побарал од Иванов повлекување на аболицијата. Мијалков најави такво нешто преку медиумите, но официјално нема побарано, додека Јанкулоска воопшто и не се огласи на таа тема.

Кој побарал повлекување на аболицијата?

00:54

This browser does not support the video element.

За прислушкувањето е виновен Заев

Попоски натаму го обвинува лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев дека стои зад прислушкувањето. На прашањето „кој го фабрикувал и монтирал“ скандалот со прислушкувањето, како што тврди експремиерот Никола Груевски, Попоски одговара:
„Оној кој го продуцираше, лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев“. Но веќе при следното прашање, дали директно го обвинува Заев дека го продуцирал скандалот, Попоски вели: „не знам, тоа треба судот да каже“. Понатаму во разговорот, Попоски вели дека прислушкувањето го вршеле луѓе во тајната служба, а меѓу прислушкуваните бил и експремиерот Груевски. Запрашан да објасни цитати од разговорите меѓу ексминистерката Јанкулоска и министерот за финансии Ставрески, Попоски тврди дека сето тоа било монтирано.
„Доколку било кој од нас е прислушкуван цели пет години, за време на сите наши разговори, можете да монтирате дека некој кажува што и да сакате“, тврди шефот на дипломатијата.

Мишел Фридман во разговор со Никола ПопоскиФотографија: DW/D. Mac Coitir

Во Македонија медиумите се слободни?

На домашните и критиките од ЕУ дека во Македонија не постои слобода на говорот и дека се манипулираат изборите, како и постојаните протести во земјата, Попоски одговара со тврдење дека тие не го претставуваат мнозинското мислење во земјата.
„Луѓето кои демонстрираат и го искажуваат своето мислење не го претставуваат мислењето на мнозинството од населението“.
Што се однесува до изборите од 5 јуни, Попоски тврди дека тие биле откажани поради фактот што „најголемата опозициска партија одлучила да не учествува на нив“. „Сите други рекоа дека сакаат да учествуваат“, тврди Попоски.

Шефот на македонската дипломатија, вели дека „остро“ се спротивставува на тезата дека во Македонија нема слобода на говорот. Соочен со фактот дека земјата се наоѓа на 118. место на ранг-листата на Репортери без граници, Попоски одговара дека се работи за „политичка пристрасност“.
„Тоа повеќе зборува за методологијата со која се мерат луѓето и земјите. Тоа се базира врз експертски проценки. Многу често во нив има политичка пристрасност и не се согласувам со проценката дека Македонија има пониска слобода на говорот од многу други земји кои се над нас на листата“.
Во сличен тон, Попоски го отфрла и следното прашање во кое модераторот ја цитира изјавата на поранешниот посредник на ЕУ, Питер Ванхауте во која тој вели дека во „Македонија владее атмосфера на страв“.
„Треба да се дистанцирате од некои извори, затоа што тој беше медијатор, но не е повеќе, поради тоа што зазема страна во спорот“.

Целото интервју погледнете го тука:

Попоски: Прислушкувањето е дело на Заев

26:09

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми