1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски против профитирање од спорот за името

СН/БГ/макфакс/миа30 мај 2012

Македонија останува посветена на нејзините стратешки цели -влез во НАТО и ЕУ, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски. Според него очекувањата се исти и по Самитот на НАТО во Чикаго.

Фотографија: AP

Каков и да е профитирање или злоупотреба на несоодветен пристап не заслужува никакво поздравување или позитивен коментар. Ова е реакцијата на шефот на дипломатијата Никола Попоски по обелоденувањето на детали во јавноста поврзани со предлогот на медијаторот Метју Нимиц од 2005 година за надминување на грчко-македонскиот спор со името.

Попоски порача дека треба да се настапува во контекст на заштита на националните интереси и посочи дека евентуалната одговорност на поединци по обелоденувањето на класифицирирани документи во јавноста треба да биде според законот.

„Тука постојат две димензии. Првата димензија е институционална. Секој оној што прекршува закони треба да одговара според законите. Втората димензија е политичката. Во тој контекст ние како Република Македонија имаме интерес за максимална кохезија и за максимален фокус за она што е наша стратешка цел. Во Република Македонија граѓаните очекуваат дека треба да се фокусираме на постигнувањето на нашите цели – НАТО и ЕУ членството. Тука мислам дека постои еден силен кохезивен фактор и какво и да е профитирање или злоупотреба на несоодветен пристап, мислам дека не заслужува никакво поздравување или позитивен коментар. Она што би сакал да го кажам, е дека Република Македонија мора да настапи на ниво на заштита на нашите интереси, а тие интереси се многу јасни“, изјави Попоски, одговарајќи на новинарско прашање по работниот појадок со дипломатскиот кор.

Лидерите на НАТО во ЧикагоФотографија: REUTERS

„Нема сигнали од Грција“

Во поглед на очекувањата пред, за време и по Самитот на НАТО во Чикаго, Попоски рече дека тие се еднакви.

„ Немавме очекувања од Самитот бидејќи тој не беше самит за проширување. Значајно за нас е да покажеме дека имаме капацитет да дејствуваме како земја членка на Алијансата ида се продолжи со однесувањето на земја која е фокусирана на остварувањето на своите права, на своите стратешки цели и во тој правец сме насочени“, рече Попоски.

Министерот додаде дека засега нема сериозни сигнали од страна на Република Грција за поддршка на процесот на интеграцијана земјите во регионот, како и за решавање на спорот со името. Македонија, за разлика од Грција, истакна Попоски, останува посветена на неговото решавање.

„ Доколку се види динамиката на средби и иницијативи од наша страна нема никаква дилема. Тоа е нешто што го правиме и што ќе продолжиме да го правиме. Тоа што недостасува е одговор од другата страна“, рече шефот на македонската дипломатија и додаде дека и покрај се не треба да се минимизира и потценува значењето на правниот аспект на пресудата од Хаг во врска со овој спор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми