1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Попоски ја заврши посетата на САД

СН/АТ/миа28 април 2012

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на последниот ден од посетата на САД, се сретна со сенаторот Џемс Веб, член на комитетите за надворешни односи и одбрана на Сенатот.

Фотографија: DW

Афирмирајќи го фактот дека Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и е значаен контрибутор во мисиите на Алијансата, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на вчерашната средба во Вашингтон побара поддршка од сенаторот Џемс Веб за што побрзо добивање покана за членство во НАТО.

Министерот Попоски имаше и обраќање во Брукингс институцијата, една од најавторитетните во областа на надворешната политика во САД. Пред претставници на американската администрација, невладината и академска заедница, како и претставници на дипломатскиот кор, Попоски зборуваше за односите на Македонија со САД и за посветеноста, достигнувањата и предизвиците во контекст на евроатлантското интегрирање.

Високо оценувајќи го развојот на билатералните подноси со САД базирани на долгорочно стратешко партнерство, министерот Попоски истакна дека очекува принципиелна поддршка од САД за што побрза интеграција на нашата земја во НАТО.

САД веќе подолго време инвестира значајни капацитети во стабилноста и просперитетот на регионот, а зачленувањето на Македонија во НАТО, како што подвлече, ќе претставува заокружување на овој успешен процес и ќе биде силен сигнал за останатите аспиранти за валидноста на политиката на Алијансата за отворени врати.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми