Поп-концерт како корона-експеримент: Во очекување на резултатите
Големите концерти или спортски настани со многубројна публика не смеат да се одржуваат во Германија веќе со месеци. Забраната за големи настани поради коронавирусот, која важеше до крајот на октомври, германските власти најавија дека ќе ја продолжат до крајот на годината.
Но и покрај тоа истражувачите од Универзитетот Хале во Лајпциг сакаат да откријат како може да се одвиваат работите по пандемијата.
За таа цел и во служба на науката во Арената Лајпциг. се одржа првиот голем настан по неколку месеци. Наместо првично посакуваните 4.200 испитаници, само околу 1.500 луѓе присуствува во експерименталниот поп-концерт.
Повеќе:
-Германија: Се бараат 4.000 доброволци за корона-експеримент на концерт
Сепак, организаторите од универзитетот во Лајпциг се задоволни од тоа како протече овој прв дел од студијата, која ќе продолжи во наредните 4-6 недели со детална анализа на податоците добиени од експерименталниот концерт.
На крајот, треба да биде создаде математички модел кој го пресметува ризикот од ширење на коронавирусот при големи настани во затворен простор.