Вакво нешто немало никогаш - ЕУ дозволи безгранично задолжување за да се бори против коронавирусот. Сепак, тоа не е билет за слободно возење, зашто парите треба да дојдат од пазарите. Кој на крајот ќе ја плати сметката?
Реклама
Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија постигнаа согласност за активирање на клаузулата за итни случаи од Пактот за стабилност и пораст на ЕУ. Државите од Унијата во нормални услови смеат да земаат нови долгови само до три проценти од својата економска сила годишно. Вкупното задолжување на една држава не смее да надмине 60% од економското постигнување. Овие железни правила околу кои во минатото толку жестоко се дискутираше, сега поради короната привремено се ставаат вон сила. Во борбата против ширење на коронавирусот на државите треба да им се дозволи краткорочно да продаваат обврзници на пазарите на капитал за да можат да ги финансираат пакетите за помош на своите економии. Министрите за финансии притоа сакаат најголема можна флексибилност. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, тоа го нарекува „слобода за движење“.
„Значителниот економски полет кој се очекува годинава бара решителен, амбициозен и координиран одговор“, соопштија министрите за финансии по својата видео-конференција. „Сега мора да дејствуваме решително за шокот да биде кус и ограничен и да не нанесе трајни штети врз нашата економија и да не ги закопа среднорочно јавните финансии“, се додава во соопштението.
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц пред конференцијата на министрите за финансии го отвори патот за дополнителен буџет од 156 милијарди евра за годинава. Со ова ново задолжување таканаречената „црна нула“, значи порамнет буџет, во Германија станува минато.
„Пактот за стабилност важи и натаму“
Портпаролот за економски прашања на демохристијаните во Европскиот парламент, Маркус Фербер, укажува дека заклучокот на министрите за финансии не е и билет за незауздано задолжување. Работите зависат од тоа дали финансиските пазари на држави тешко погодени од кризата со коронавирусот, како Италија, воопшто ќе позајмуваат пари под подносливи услови. Веќе сега каматата за десегтодишните италијански државни обврзници изнесува 3%.
Германските државни обврзници се‘ уште имаат негативни камати. „Државите членки добиваат повеќе простор за делување, но Пактот за стабилност и за пораст не е ставен вон сила. Темата способност за задолжување останува и натаму. Држави како Италија и Франција, кои имаат малку простор за дејствување, нема да можат да прават огромни долгови. Земји кои имаат повеќе простор за дејствување, како Германија, ќе можат повеќе да си дозволат“, вели Маркус Фербер за ДВ.
Кои фирми профитираат од коронавирусот
Стравот од коронавирусот тешко ги погодува финансиски пазари. Кога компаниите мора да ги коригираат своите прогнози за добивка и промет надолу, тоа е отров за курсот на акциите. Но, сепак има и такви кои профитираат.
Кога во последната недела од февруари курсот на акциите ширум светот драматично падна, акциите на платформата за видео стриминг успешно се спротиставија на трендот. Аналитичарите сметаат дека т.н. „останете дома“ акции , како оние на „Нетфликс“ можат да им обезбедат богатство на инвеститорите за време на појавата на коронавирусот, бидејќи на сѐ повеќе луѓе им се вели да останат дома.
Фотографија: picture-alliance/AA/M.E. Yildirim
„Откачете“ го фитнес-клубот
Акциите на фитнес старт-апот Пелотон Интерактив, кој произведува велосипеди за вежбање и, исто така, нуди фитнес часови преку интернет, скокнаа бидејќи стравот од коронавирусот може да поттикне многу фитнес ентузијасти да не одат во своите теретани и клубови и да се одлучат за понудите на Пелотон.
Шефот на фармацевската компанија „Модерна“, Стефан Банкелза кусо време стана милијардер откако компанијата испорача експериментална вакцина против коронавирусот за клиничко тестирање кај луѓето, со што се зголеми цената на нејзините акциите. И Лим Ви Чаи од Малезија, мнозински акционер во фирмата за медицински ракавици „Топ Глав“, влезе во клубот на милијардери среде избувнувањето на вирусот.
Останете дома, останете поврзани
Акциите на телеконференцискиот старт-ап „Зум Видео“ пораснаа речиси за 50% од февруари, откако инвеститорите проценија дека сѐ повеќе луѓе поради стравот од коронавирусот ќе работат од дома. Компанијата веќе придодаде повеќе активни корисници годинава - 2,22 милиони - отколку во целата 2019 година.
Фотографија: zoom.us
Празни полици во супермаркетите
Во супермаркетите, како германскиот „Реве“ и францускиот „Карфур“, прехранбените производи „летаат“ од полиците додека купувачите во паника ги зголемуваат домашните залихи. Затоа инвеститорите засилено вложуваат во акциите на компаниите за пакувана храна. И онлајн трговците, како Амазон, исто така, имаат поголема побарувачка, бидејќи купувачите поради страв од вирусот ги избегнуваат продавниците.
Произведувачите на маски за лице, дезинфекциски средства за раце и дезинфекциски марамчиња се сведоци на огромен раст на побарувачката, бидејќи купувачите бараат начини да се заштитат од вирусот кој брзо се шири. Фирмата „3M“, која меѓу останатото произведува и маски за лице, е една оние со најголема добивка.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/Yichuan Cao
„Во секое време, насекаде“
Германската софтверска компанија „ТимВјуер“ која им овозможува на корисниците да работат од далечина (од дома), е сведок на голема побарувачка на нејзините услуги, особено во Кина, епицентарот на коронавирусот. На Франкфуртската берза цената на акциите на оваа компанија забележа огромен раст во изминатите неколку дена.
Фотографија: picture-alliance/B. Kammerer
7 фотографии1 | 7
„Корона-обврзници“
Италијанскиот премиер Џузепе Конте затоа бара ЕУ-државите да земаат заедно долгови во форма на „корона-обврзници“. На тој начин Италија такаречи ќе се потпре врз бонитетот на Германија и на други солвентни држави за и самата да дојде до пари со ниски камати. Социјалистите во Европскиот парламент нагласено даваат поддршка за тоа. „Со оглед на тоа што Европа мора да излезе на крај со најголемиот предизвик од Втората светска војна, ние, Европејците, мора да бидеме солидарни едни со други“, побара шефот на пратеничката група на социјалистите Ираце Гарсија од Шпанија.
Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место
Финансискиот експерт на демохристијаните, Маркус Фербер, отфрла „корона-обврзници“. „Се работи за истиот принцип. Ризиците треба да се префрлат врз други држави. Гаранцијата треба да се префрли на други Тоа не може да функционира, затоа што долгорочно тоа води до тоа да не можете да се ослободите веќе од корона- или еврообврзниците. Тоа значи дека ќе се влезе во префрлање на долговите врз сите.“
Контроверзната тема „корона-обврзници“, која е досега отфрлана од страна на солвентните евро-држави, не се споменува во соопштението на министрите за финансии. Со ова прашање би требало да се занимаваат шефовите на држави или влади на ЕУ на видео-самитот во четврток. Исто толку малку се споменува и Европскиот чадор за спас (ЕСМ). Некои економисти и социјалистите во ЕП бараат сега да се активира чадорот за спас, создаден во должничката криза.
ЕСМ има кредитна „сила“ од 420 милијарди евра, базирани врз 80 милијарди евра сопствени средства кои ги уплатија државите од монетарната унија. Европратеникот Фебрер предупредува дека ЕСМ не би ребало да се применува веќе сега. Сега, нагласува тој, станува збор за пакети запомош за економијата кои би требало да ги финансираат државите. Ако на крајот на кризата одделни држави се најдат во лоша фискална ситуација, тогаш би било време за распнување на чадорот за спас, уверен е тој.
На едноставното прашање кој ќе мора на крајот да ги плати многуте пакети за спас и новите долгови, Маркус Фербер има едноставен одговор: „Даночните обврзници. Тоа се јавни долгови кои јавната рака ќе мора да ги рефинансира со своите можности за приходи.“
Во изолација поради коронавирус? Нема проблем
Со малку креативност можете да ја претворите изолацијата во инспирација. Еве неколку идеи како да го искористите времето во карантин, и да продолжите нормално да живеете дури и затворени во четири ѕида.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Schickert
Бидете креативни со конзервираната храна
Претворањето на конзервираната храна во нешто вкусно можеби бара малку магија, но сигурно не е невозможно. На пример, експериментирајте со лакса која ги прочистува синусите или пак измешајте конзерва туна со малку пченка и свеж ѓумбир за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images
Затворената вежбална не е изговор
Имате доволно начини да ја одржите добрата форма на вашето тело дури и ако не можете да ја посетите вашата вежбална. Загрејте го телото со фитнес вежби или јога со онлајн упатства, а доколку ви е многу здодевно искористете ги и конзервите со храна во вашиот магацин за да ги развиете вашите бицепси и трицепси.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-D. Gabbert
Време е за пролетно чистење
Искористете ја можноста, засукајте ги ракавите и употребете го вишокот енергија за да го светнете секое ќоше во домот. Ова може да биде најдобриот момент за расчитување на нередот. Можете дури и да ослободите место во плакарите и да зачистите во подрумот.
Целодневното гледање на ТВ серии е гарантиран начин за опуштање на умот и телото. Можеби мини-серијата „Чернобил“ и не е најдобриот избор доколку сте во мрачно расположение. Алтернативата би било нешто полесно, како „Пријатели“. Доколку секој ден потрошите 6 часа и 20 минути на оваа серија, ќе ги изгледате сите 236 епизоди за 14 дена.
Покрај сето слободно време можеби е добар момент да ја избришете прашината од некои постари игри и да се забавувате со оние со кои го споделувате карантинот. Доколку сте сами во изолација, повеќе класични игри денес имаат и онлајн верзии па можете да играте со пријателите преку интернет.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Stache
Научете нешто ново
Во денешно време можете да научите речиси се онлајн. Можеби секогаш сте сакале да научите некоја нова вештина или дури и јазик. Германски можеби? На интернет ќе најдете многу можности и за бесплатно изучување јазици, па со оглед на слободното време, нема никаков изговор зошто тоа да не го сторите.
Фотографија: Colourbox
Јавете и се на бабата
Вашите роднини секогаш се жалат дека ве гледаат само за празници. Сега е добар момент да им се јавите. Иако веројатноста дека ќе заглавите на телефон 1-2 часа е голема, сепак ќе ви се израдуваат. Притоа, ќе покажете грижа и за нив и за нивното здравје во оваа тешка ситуација, особено за постарите луѓе.
Фотографија: Heike Brauer/Fotolia
Планирајте го следниот одмор
Планирањето одмор е добар начин да избегате од вашата соба, макар и само во мислите. Исполнете го денот замислувајќи си како се релаксирате на Бали или уживате во чистиот планински воздух некаде на Алпите. Само не заборавајте да си купите и патничко осигурување бидејќи никогаш не се знае кога ќе дојде следната криза.