Затворено метрото во Хонгконг
5 октомври 2019По големите безредија во Хонгконг во текот на вчерашниот ден, подземната железница денеска нема да функционира. Од оваа одлука се погодени и линиите кои водат до аеродромот. Во текот на денот ќе биде донесена одлука колку долго ќе остане затворено метрото.
На ваквата одлука и’ претходеа насилства и судири во кои полицијата застрела еден тинејџер, а станици на метрото беа запалени од страна на демонстранти. „Со оглед на тоа што во вакви услови не сме во состојба да им обезебдиме на патниците сигурно патување, немаме друг избор освен да донесеме одлука за запирање на услугите во целата мрежа“, соопшти фирмата која управува со метрото, МТР. Метрото секојдневно превезува околу пет милиони патници.
Повеќе:
Хонгконг – премалку и предоцна
Може ли Кина да најде алтернатива за Хонгконг?
Покрај метрото, во Хонгконг се затворени и голем број продавници и банки кои имаат врски со Кина и кои поради тоа би можеле да станат цел на протестните акции.
За овој викенд, инаку, беа планирани само мал број протести, но изненадувачката одлука за забрана на носење маски ги заостри тензиите. Забраната за маски е донесена со активирање на стар колонијален закон, кој и’ дава на премиерката Кери Лам широки овластувања. Забраната за покривање на лицето важи од полноќ, но ќе биде спроведувана постепено, затоа што полицајците мора да бидат инструирани како да постапуваат. Експертите сметаат дека ваква една забрана нема да претставува пречка за радикалните демонстранти.
Протестите во Хонгконг почнаа пред околу четири месеци како отпор против, во меѓувреме повлеченио,т предлог закон за испорака на обвинети лица на Кина. Но, демонстрантите сметаат дека им се загрозени основните слободи во оваа поранешна британска колонија. Во меѓувреме протестите се насочени и против владата во Пекинг. Хонгконг е специјална административна зона на Кина од 1997 година