1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Порадо Голема Европа, отколку Голема Албанија”

22 декември 2006

Пред меѓународното решение за статусот на Косово кај албанската етничка група во соседните земји владее воздржаност, констатира денеска “Зиддојче цајтунг”.

“Водечките западни сили сакаат во наредната година да ја исполнат волјата на албанското мнозинство на Косово, провинцијата да стане втора албанска држава – доколку Русија не ги спречи во тоа. На тоа со напнатост гледаат Албанците што живеат во соседните земји. Нивните водачи како од една уста изјавуваат дека само скорешна независност за Косово ќе донесела стабилност за регионот. Цел била интеграција во ЕУ и НАТО. И, се разбира, во никој случај не е далечна цел формирање Голема Албанија, нагласува на пример премиерот на Албанија Сали Бериша. Владата во Тирана повеќепати е пофалена од западна страна за добрата соработка кај решението за Косово. ’Иднината на Албанците е Голема Европа‘ – изјави во Македонија Арбен Џафери, претседател на Демнократската апртија на Албанците. ... Албанците надвор од Косово се воздржани за да не го попречат тешкото раѓање на независно Косово. Но, придушеното однесување не е гарантирано за сите времиња. Во прешевската долина во Јужна Србија, на пример, демонстранти истакнаа албански знамиња на јавните објекти и ги отстранија српските. Долината која лежи меѓу Косово и српскиот автопат север-југ, Албанците ја нарекуваат Источно Косово. ... Албанците од Прешевската долина уште на почетокот на годинава, под притисок од Приштина, се откажаа од поранешното барање да бидат вклучени во преговорите за иднината на Косово. Во една декларација тие само бараа територијална автономија во Србија кон каква што се стреми Белград за Србите во покраината Косово. Тие се’ уште ги држат отворени аспирациите за приклучување кон Косово за случај да бидат променети границите на покраината – на пример, со отцепување на северот населен со Срби. Но, меродавните меѓународни сили исклучуваат поделба на Косово.

Во Македонија поставувањето споменик на Скендербег беше придружено со декларативна определба на Албанците за македонската држава. ’Како се слави овој ноември е победа не само за нас Албанците, туку за сите граѓани на Македонија‘, рече Али Ахмети, поранешен шеф на паравоена милиција, сега претседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Таа е ривал на помалата Демократска партија на Албанците (ДПА) на Арбен Џафери. Али Ахмети уште не преболе дека македонскиот премиер Никола Груевски по успехот на изборите во јули не ја зема неговата ДУИ за коалиционен партнер од албанскиот табор, туку послабата ДПА. Неговиот ривал Џафери верува дека наскоро ќе се смири конфликтот околу учеството во владата. ’Во контекст на решението за Косово на Балканот нема да се толерира дестабилизација‘, вели тој.

Во Црна Гора албанското малцинство е вклучено во новата влада. Сепак, во последно време од црногорските Албанци повторно доаѓаат повици за автономија. Во предвечерјето на изборите во септември беше уапсена група која наводно подготвувала терористички напади заедно со некогашни припадници на Ослободителната војска на Косово. Но, обвинение се’ уште не е поднесено” – се вели на крајот од написот на Бернард Киперс, објавен во денешното издаение на “Зиддојче цајтунг”.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми