Порадо се купува отколку што се штеди
26 јуни 2013„Причините за оптимизам се очигледни“, оценува Ролф Биркл, кој работи на индексот на потрошувачката клима ГфК. „Додека многу евро-држави мора постојано да пријавуваат се‘ повисоки стапки на невработеност, во Сојузната република, како единствена земја во Европа, има значително понизок број невработени отколку пред кризата во 2007 година.“
Добрата клима на пазарот на работна сила води до тоа да се зголемува надежта на граѓаните, кои имаат повеќе пари на располагање. Подготвеноста да се трошат пари за големи издатоци малку е намалена, но индексот сепак и натаму е многу висок. „Штедењето, поради историски ниските камати, во моментов не е атрактивно“, нагласува Биркл. „Граѓаните се подготвени да трошат повеќе и на подолг период.“ Тоа се гледа, на пример, во сферата на недвижности, каде финансирањето на изградбата е под многу поволни услови.
Поплавите во Германија не променија ништо во позитивното расположение на потрошувачите. Искуството од поплавата во 2002 година покажува дека луѓето погодени од катастрофата потоа трошат пари за поправки и за нов мебел, што исто така е поттик за потрошувачката.