1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поранешен амбасадор на Ватикан во домашен притвор

Тилман Клајнјунг (ард)/ А.Трајковска 24 септември 2014

Поранешниот амбасадор на Ватикан, Весоловски се наоѓа во домашен притвор поради тешки обвинувања за злоставување. Ако се отвори процес, за првпат висок по ранг претставник на Ватикан ќе мора да одговара пред суд.

Фотографија: AFP/Getty Images

Полскиот свештеник Јосеф Весоловски од 2008 до 2013 беше амбасадор на Ватикан (Nuntius) во Доминиканската Република. Таму се води истрага против него поради обвинување за злоупотреба на деца. Весоловски е обвинет дека за пари имал секс со малолетници.

Уште пред да биде подигнато обвинението, амбасадорот отпатува и оттогаш престојува во Италија. Во судскиот процес во Верската конгрегација 66- годишниот Весоловски беше расчинет. Тој повеќе не смее да извршува свештенички функции. Во вториот процес пред Ватиканскиот суд уште по првото рочиште беше нареден притвор за Весоловски.

Весоловски во домашен притвор

Ватиканските власти ја донесоа оваа одлука поради тежината на делата за кои се товари Весоловски, се вели во едно соопштение. Весоловски е во домашен притвор, тој не смее да го напушти Ватикан. Во соопштението уште се вели дека мерката соодветствува на изричитата волја на папата. Франциско сакал на овој тежок и деликатен случај да му се пристапи без одложување и со неопходната строгост.

Досега Ватикан беше изложен на критика дека случајот Весоловски го третирал премногу опуштено. Заштитен со дипломатскиот имунитет, Весоловски досега можеше да ја избегна истрагата во Доминиканската Република и во неговата татковина Полска. Притворањето на поранешниот надпискуп сега е сосема јасно поддржано од папата Франциско, ако не и иницирано од него. Папата повеќепати јасно стави до знаење дека со сета сила ќе преземе мерки против сексуалните насилници во сопствените редови.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми