Судот во Хамбург осуди 93-годишен Германец како соучесник во убиството на 5,232 затвореници, повеќето Евреи, во нацистички концентрационен логор за време на Втората светска војна.
Реклама
Седнат во инвалидска количка во судницата и со лицето покриено зад сина папка, Бруно Д. призна дека бил чувар во нацистичкиот логор Стутхоф во близина на Гдањск, во окупирана Полска, но тврдеше дека неговото присуство не значи и вина за злосторствата.
Тоа не беше доволно за судот во Хамбург кој го прогласи за виновен за соучесништво во убиствата од август 1944 до април 1945 и му одреди двегодишна условна казна.
„Како можевте да се навикнете на тој хорор?“ праша судијката Ане Мајер- Геринг читајќи ја пресудата.
Околу 65,000 луѓе беа убиени или починаа во Стутхоф. Обвинителите наведоа дека повеќето биле застрелани во глава или отруени со смртоносниот гас Циклон Б.
Поради тоа што Бруно Д. имал 17 години во периодот додека се случиле злосторствата, му беше судено во суд за млади, а рочиштата беа ограничени на две по три часа неделно поради неговото кревко здравје.
Во својата последна изјава пред судот, тој се извини за страдањата на жртвите, но одби да преземе одговорност.
„Сакам да им се извинам на сите луѓе кои минаа низ тој пекол на лудило и на нивните роднини и преживеаните“, изјави тој пред судот.
Речиси 75 години по Холокаустот, бројот на осомничени злосторници се намалува, но обвинителите и натаму се обидуваат да ги изведат пред лицето на правдата.
Судска одлука од 2011 година го отвори патот за кривичен прогон и на сите оние кои работеле во логорите на смртта, без оглед дали биле директно вмешани во злосторствата.
Иако се очекуваше ова да биде последно судење на поранешен нацист за воени злосторства, сепак обвинителството минатата недела обвини уште еден поранешен чувар во Стутхоф кој е на 95-годишна возраст. Во моментов се активни уште десетина истраги.
Битката за Берлин, 1945 година
Пред 75 години заврши Втората Светска Војна со капитулација на нацистичка Германија пред антифашистичката коалиција. Решавачки притоа беше падот на престолнината на Третиот Рајх по операцијата на советските сили.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
„Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш - од судбината не се бега“. Советските војници во ослободениот Берлин. Битката за градот траеше од 16 април до 2 мај 1945 година. Оваа фотогалерија содржи неколку фотографии направени пред 75 години во Берлин и на периферијата на градот.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Советската артилерија на периферијата на градот започнува да го гранатира Берлин.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Улични борби во градот за време на нападот во Берлин.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Советски тенк поминува покрај натписот „Берлин ќе остане германски“.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Советските војници се подготвуваат да пукаат со противтенковско оружје во областа Кепеник во југоисточен Берлин.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Плакатот „Напред, Сталинградци, победата е близу!“ - една од фотографиите направени во Берлин од воениот дописник Евгениј Халдем. Кадарот веројатно е наместен.
Фотографија: picture-alliance/RIA Nowosti
Црвеноармејците за време на нападот на Берлин се движат кон Рајхстагот.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Разурнатиот Рајхстаг во срцето на Берлин.
Фотографија: picture-alliance/RIA Nowosti
Знамето на победата над Рајхстагот. Фотографија на Владимир Гребнев, направена на 2 мај 1945 година по прекинот на уличните борби во Берлин.
Фотографија: picture-alliance/RIA Nowosti
Веројатно местото каде што биле запалени телата на Адолф Хитлер и Ева Браун, кои извршиле самоубиство на 30 април 1945 година.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Војници на Црвената армија во големата галерија на уништената нова канцеларија на Рајхот, официјалното седиште на Адолф Хитлер.
Фотографија: picture-alliance/akg-images
Германски војници кои се обиделе да избегаат од заробеништво облекувајќи се во женска облека. Фотографијата е направена на 11 мај 1945 година.