1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Портрет на Ангела Меркел

30 мај 2005

Волтер фон Тисенхаузен

Ангела Меркел и офиицјално кандидатка за канцелар
Ангела Меркел и офиицјално кандидатка за канцеларФотографија: dpa

Не мора воопшто да биде недостаток ако се биде потценет од политичкиот противник или од внатрешно-политичките конкуренти. Ангела Меркел, заедничката кандидатка за канцелар на ЦДУ и ЦСУ, од многумина, како во соптвената партија, така и од пошироката јавност долго време не беше прифатена. На младата жена од Истокот и недстигаа атрибути што според општото мислење треба да ги има успешен политичар: време на учење во младинската партиска организација, широка мрежа врски, приклученост кон влијателните струи и пред се, елегантен пристап кон медиумите.

Ангела Меркел, која годинава ќе наполни 51, е родена во Хамбург. Меѓутоа, растеше во Темплин во Укермак, северно од Берлин, значи во ГДР, како керка на евангелистички свештеник. Врските со домот за неа до денес имаат посебна вредност:

„Сметам дека е многу важно и за политичарите да имаат можност, дури и ако се во владата, да имаат изборен округ. Значи, да се знае од каде доаѓам овде каде што луѓето поинаку постапуваат, иако постојано некаде патувам„.

Канцеларот Хелмут Кол ја постави на функцијата министерка за жени и млади, подоцна го презеде минстерството за човекова околина. Весниците ја нарекоа „девојчето на Кол„ за да биде јасно дека за своите функции треба да и заблагодари само на неговата поддршка. По повлекувањето на Кол, краткотрајниот наследник Волфганг Шојбле ја постави за генерален секретар на партијата. По партиската афера со донациите и непризнавањето на Кол на сопствената вина што ја потресе унијата, на Ангела Меркел и беше понудено да се обиде со нов почеток како претседателка. Не беа малкумина оние што сметаа дека ќе биде лесно неискусната Меркел откако ќе ја заврши работата повторно да биде тргната на страна. Пред се амбициозните кругови на младите покраински премиери. Меѓутоа, со се посигурна рака ја зацврстуваше позицијата на врвот на ЦДУ.

Ангела Меркел, која е во втор брак со професорот по хемија Јоахим Зауер, себе си се бележи со евангелистичкиот родителски дом и христијанските корени зацврстени под притисокот на комунистичката диктатура:

„Мислам дека не смееме да заборавиме дека Европа силно е одбележана од христијанско-еврејската традиција и дека токму во тоа голем дел на Европа ги има своите корени. Европа во најголемиот дел мина низ просветување. Тоа е многу важна фаза во развојот на христијанството. Ако тоа едноставно го потиснеме и кажеме, сега сме неутрални, од каде ќе ги црпиме тогаш нашите вредности„.

Во 2002 му препушти на претседателот на баварската сестримска партија ЦСУ, Едмунд Штојбер да настапи како кандидат за канцелар. Штојбер не успеа, но Меркел ја доби својата награда. Освен лидерското место во ЦДУ го презеде и лидерското место на целата фракција во Бундестагот. Сите противкандидати мораа да признаат колку свесно и решително може да дејствува „девојчето на Кол„, кога станува збор за власт. Оваа решителност ќе биде неопходна ако сака да има успех како кандидатка и ако ја преземе владината одговорност:

„Мораме повторно да го постигнеме она што го постигна социјалната пазарна економија, имено повторно да ја помириме противречноста меѓу капиталот и работата за луѓето да се чувствуваат доро. За тоа е потребно и ние да се промениме во одделни точки„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми