1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посебни гробишта за турските „предавници“

Том Стивенсон,Истанбул/НД4 август 2016

Во запуштеното село Балика кое се наоѓа во близината на Истанбул, турските власти решија да ги сместат гробиштата на предавниците. Мештаните велат дека тие ќе почиваат таму „каде што живеат кучињата“.

Фотографија: DW/T. Stevenson

Пред две недели, група воени официри, следбеници на Фетула Ѓулен, отпочнаа воен удар против турската власт. Ноќта на 15 јули, во обидот насилно да се собори власта повеќе од 350 луѓе ги загубија своите животи. Меѓу нив има и 100 учесници во воениот удар. Овие гробишта се наменети токму за нив, за телата на предавниците.

Патот кој води до запуштеното село Балика често е опколен од кучиња скитници кои трчаат по автомобилите. До неодамна, главно обележје на ова село беше отворениот центар за згрижување на бездомните кучуиња кои беа собирани од Истанбул.

За мештаните, гробиштата на предавниците се срам за селото. Кога некој ќе праша за нив, тие се преправаат дека не знаат каде се наоѓаат. Првите тројца жители на Балика со кои разговараше ДВ тврдеа дека не слушнале дека нивното село, сега е вечно почивалиште на телата на пучистите.

Неодбележан гроб на еден од пучиститеФотографија: DW/T. Stevenson

„Каде што живеат кучињата“

Во центарот на селото сретнавме група деца кои изгледа беа подобро информирани за новостите во Балика, па ни рекоа дека гробиштата на предавниците се таму „каде што живеат кучињата“.

Гробиштата се наоѓаат во аголот на големиот резерват за кучиња. За да се стигне до нив потребно е да се оди преку тесните редови кои проникнуваат помеѓу импровизираните боксови.

Пред да се случи воениот удар, општината работеше на нов и поголем шелтер центар за уличните кучиња. По настаните од 15 јули работниците добија нови наредби од градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбас - да изградат гробишта за предавниците.

Изградбата на гробиштата ја следи линијата на однесување на власта и одмазничките дејствија кои следуваа по неуспешниот пуч, кога во општата „чистка“ на ѓуленистите беа уапсени илјадници луѓе. „Оние кои ќе ја предадат нацијата не заслужуваат ни да почиваат во мир“, вели Топбас.

„Внук ми загина за ништо“

02:40

This browser does not support the video element.

„Не се поразлични од животни“

Мустафа Торун е проектен менаџер кој беше задолжен за изградбата на местото. Кога не одведе таму, пред нас видовме низок, рамен ѕид кој опкружува простор од илјада квадратни метри.

Влезот го обележува црно-бел знак на кој пишува „Гробишта за предавници“. Знакот подоцна беше отстранет по укажувањата на министерот за религија, но името сепак остана.

„Не се бунат мештаните, туку љубителите на животни“, изјави Торун. „Прашуваат зошто дозволуваме името на овој добар проект за кучињата да биде извалкан“.

„Кој им е проблемот“, дофрла еден работник, „луѓето закопани тука не се воопшто поразлични од животните“.

Во ист ред, во земјата се гледаат четири ископани гробови, од кои само еден е затрупан со земја. Тука лежи единствениот „жител“ на гробиштата за предавници, телото на мајорот Мехмет Карабекир. Тој беше еден од водачите на пучот, а исто така усмрти еден локален службеник од областа Аџибадем пред самиот да биде застрелан.

За мештаните, гробиштата на предавниците се срам за селото.Фотографија: DW/T. Stevenson

Според електронската комуникација помеѓу водачите на пучот која ја објави турската редакција на Ал Џезира, мајорот Карабекир бил еден од ентузијастите во лидерството.

„Без компромиси, без двоумење.. згазете ги, запалете ги.. продолжуваме до последната капка крв.. не покажувајте милост... Јас пукам во толпата“, биле пораките на мајорот Карабекир.

Во Балика има и други, регуларни гробишта. Обиколени од висок ѕид, декориран со камен и под сенката на високите дрвја, тие претставуваат остар контраст на предавничките гробишта.

Ниту еден од членовите на семејството на мајорот Карабекир, кои го отфрлија неговото тело откако беше убиен на 15 јули, сеуште не дошол да го посети. Доколку се премислат, гробиштата на предавниците би било импозантно место за положување на цвеќе.

„Можеш да газиш врз него“, ни вели Торун главниот менаџер додека ги обиколуваме гробиштата. Одбивме да го сториме тоа, стоејќи над необележаниот куп земја под кој лежи телото на мајор Карабекир, тука каде што живеат кучињата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми