1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Посетата на Меркел важна за другата половина од Турција

Михаел Леман
3 февруари 2017

Канцеларката се изнаслуша критики пред заминувањето во Анкара дека нејзината посета на Турција само го зајакнува Ердоган во погрешен момент. Михаел Леман меѓутоа смета дека отворените зборови на Меркел беа драгоцени.

Türkei Treffen Angela Merkel & Recep Tayyip Erdogan
Фотографија: picture-alliance/Anadolu Agency/K. Azher

„Опозицијата е дел од демократијата“ Тоа беше едноставната но централна реченица на германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината вчерашна  (02.02) посета на Анкара. Многу веројатно е дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе остави оваа реченица да се разводни сама од себе. Канцеларката меѓутоа отворено го искажа она што многумина со задоволство уште подиректно би му го кажале в лице на претседателот на Турција, кој станува премногу моќен: доста со угнетувањето на слободата на мислењето! Да се задржи поделбата на власта! Обвинувањата за измачување да се истражат веднаш и решително!

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (02.02.2017)Фотографија: picture-alliance/Anadolu Agency/K. Azher

Не знаеме, колку директни и јасни навистина биле зборовите кои канцеларката ги користела во личниот разговор со Ердоган.  Но за почеток беше и е важно, дека еден со месеци толку непопустливо дејствувачки владетел мораше јавно да слушне толку јасна критика од една на друг начин моќна жена која владее на демократски начин- дури и ако таа критика во некои точки беше формулирана само индиректно.

Истотака важна е средбата која Меркел ја закажа за вечерта, непосредно пред нејзиниот лет кон Малта за самитот на ЕУ, со двете големи опозициски партии во Турција. „Треба да се сослуша и почитува мислењето на оние кои размислуваат поинаку!“ Ова порака на германската канцеларка важи не само за Ердоган и неговиот потесен круг на следбеници. Оваа порака треба да потсети и на другата половина во Турција, која имено не се согласува со моменталниот курс на владеење со земјата, но сѐ позасилено ѝ се затвора устата.

Германската канцеларка имаше средба и со турскиот премиер Бинали ЈилдиримФотографија: picture alliance/ZUMAPRESS.com

На тој начин посетата на Меркел и покрај скудниот временски буџет успеа да ги поддржи оние, кои само уште тешко и под лична закана можат да извршуваат  вистинска опозициска работа. Посетата на Меркел, независно од тоа што по неа ќе пишува во турските медиуми, беше успешна - за канцеларката, но истототака и пред сѐ за луѓето во Турција кои не сметаат дека Ердоган и неговото владење се без алтернатива.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми